03/06/2026
Интерен конкурс за упис во I година, учебна 2026/2027!!!
Пријавувањето на учениците ќе се врши електронски преку порталот Uslugi.gov.mk со посебна најава за ученици преку сопствените кориснички сметки на schools.mk
ЈУНСКИ УПИСЕН РОК:
* Првото електронско пријавување на учениците ќе се врши од 00:00 часот на 12 јуни до 23:59 часот на 15 јуни 2026 година.
- Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 16 јуни 2026 година од 08.00 часот до 19.00 часот и 17 јуни 2026 година од 08.00 часот до 15.00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 18 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00 часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
- Квалификациско тестирање ќе се организира во училиштата за средно образование на 22 јуни 2026 година, а конечните ранг листи со резултатите ќе се објават истиот ден, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
* Второто електронско пријавување на учениците ќе се врши на 23 јуни 2026 година од 00:00 часот до 23:59 часот.
- Доставувањето на потребната документација до училиштата е на 24 јуни 2026 година од 08.00 до 15.00 часот.
- Конечната ранг листа со резултатите од запишувањето и слободните места, секое училиште ја објавува на 25 јуни 2026 година, најдоцна до 12.00часот, на јавно место во училиштето и/или на училишната интернет страница.
Табела за пресметување на поени https://gorginaumov.edu.mk/wp-content/uploads/2026/06/Tabela-za-presmetuvanje-na-poeni-za-upis-2026.xls