СОУ Наум Наумовски Борче

СОУ Наум Наумовски Борче

Share

ФБ страна на Наум Наумовски - Борче, Крушево

02/06/2026

Од училница до лабораторија - еден час безброј нови откритија! Најдоброто учење е она што се доживува!
Запознајте го училиштето каде знаењето се претвора во вештини, самодоверба и успех!
Полуматурантите од Училиште Никола Карев и средношколците од СОУ ,,Наум Наумовски - Борче" - Крушево, експериментираа, откриваа, учеа и соработуваа на часови по хемија и информатика.
Интерактивниот час по хемија, беше посветен на ендотермните и егзотермните реакции.
Со поддршка од средношколци - асистенти (Даниел Ангелески, Андреј Јанкоски, Ева Котеска, Борис Николоски, Марија Котеска, Фани Јованоска, Ивана Колчакоска и Ива Талеска) и менторство од проф. по хемија - Снежана Николоска и Персифони Богдановска, науката доби практична и интересна димензија.
На часот по информатика, проф. Фаница Николоска им даде можност на гостите да ги покажат своите информатички вештини и да се впуштат во нова авантура со која ги збогатија своите знаења.

01/06/2026

На наше големо задоволство, полуматурантите на ООУ ,,Ѓорче Петров" - Ропотово го посетија нашето училиште.
Учениците имаа можност да се запознаат со условите за учење во училиштето и со наставните програми што нашето училиште ги нуди како пат кон успешна иднина.

Photos from СОУ Наум Наумовски Борче's post 27/05/2026

Струмица од 18-20 Мај - одржан „Саем за социјални иновации“
- Учесници од нашето училиште, учениците, Ивана Филипова, Елена Степаноска, Теодора Секулоска, Атанас Ташкоски, Антонио Наумоски и Тома Хаџи Ѓаку од IIIа клас.
- Ментори,
Снежана Николоска, проф. по хемија
Кочо Јанкулоски, проф. по економски предмети
- ЕКО иновативно решение ,,Креирање на сапун од отпадно масло’’ - UPSHIFT програма
Со својата креативност, тимска работа, посветеност и иновативни идеи, овој тим на амбициозни ученици, покажаа дека младите со своето знаење, трудот и желбата за напредок можат да создадат вистински вредности за заедницата и да бидат двигатели на позитивни промени во општеството.
Оваа иновација, самодовербата, професионалноста и претприемачки дух на учениците, привлече внимание кај учесниците и посетителите на саемот.
за успешното претставување на
Менторите, како и сите ние, нивните профеори им честитаме за несбичното вложување и успешното претставување на училиштето а се придружуваме и кон пораката на нивните ментори:
„Продолжете да верувате во своите идеи, да истражувате, да создавате и да бидете пример за останатите млади. Вашиот успех е доказ дека иднината им припаѓа на храбрите, креативните и упорните.
Браво за вашиот труд, ентузијазам и успех! Ви посакуваме уште многу нови идеи, достигнувања и победи во иднина“

Photos from СОУ Наум Наумовски Борче's post 26/05/2026

Повеќедневната екскурзија на учениците од ННБ, се ближи кон крајот. Прекрасни денови исполнети со дружба и содржини од историјата и културата на прекрасната Италија. Спомени кои ќе траат вечно. И...нешто несекојдневно и во секој случај непосакувано, ама сепак...за жал, дел од животот.
Др. Александра Мијалевска Стефановска, која беше задолжена за одржување на добрата здравствена состојба на учениците, го сподели следново не баш пријатно искуство, во кое дојде до израз спремноста на учениците пд нашево училиште:
"На мостот Риалто вчера научивме најважна лекција за животот.
Една жена падна среде толпата туристи. Јас како доктор реагирав веднаш и пружив прва помош а до мене застанаа и ми помогнаа учениците од Крушевската гимназија(Теодора и Атанас) волонтери во Црвен крст -Крушево.
Во град полн со историја и убавина, вчера најубавата слика беше човечноста, хуманоста,храброста.
Горда сум што овие денови ги поминав со млади луѓе сведоци дека и во најубавите моменти од животот се случуваат неочекувани работи… а ние треба да сме храбри, човечни и хумани."
@

Photos from СОУ Наум Наумовски Борче's post 22/05/2026

⏳️Наскоро следуваат уписи.

📢Бидете информирани за датите за пријавување и условите!

СОУ Наум Наумовски Борче

19/05/2026

„Успехот не е случајност – тој започнува со вистински избор“.
СОУ „Наум Наумовски-Борче“, Крушево, не е само училиште – тоа е место каде што се создаваат приказни, се градат кариери и се раѓаат идни професионалци.
Од училишните клупи на СОУ „Наум Наумовски-Борче“ до менаџерска позиција во вински бар. Тоа приказната на Благојче Божиноски, наш поранешен ученик а тоа е доказ дека со знаење, посветеност и страст, соништата стануваат реалност.
Во рамки на оваа промотивна активност, учениците од 9-то одделение имаа можност да влезат во светот на угостителството и туризмот – да почувствуваат атмосфера, да поставуваат прашања и да добијат инспирација од прва рака. Ова не беше само посета, туку вистинско доживување на професијата.
Посебен белег на настанот дадоа ученичките Матеја Николоска и Ленче Кузева од II-г клас, профил хотелски техничар, кои со сигурност и професионалност се најдоа во улога на туристички водичи, како и Ивана Колчакоска и Ива Талеска од II-а клас општа гимназија, кои со голема одговорност го водеа интервјуто.

Ментори за реализација на оваа активност беа проф. м-р Љупчо Крстевски и Станка Новеска, професори по посебно стручни предмети од УТС, во координација со наставничките од ООУ „Никола Карев“ – Крушево, Надица Нане и Славица Кузманоска.
Благодарност упатуваме до Директорката на ООУ "Никола Карев"-Крушево, Сузана Божиноска за соработката и до раководството на Галерија "Никола Мартиноски" за прекрасниот прием.

Денес учиме. Утре водиме.

18/05/2026

СОУ,, Наум Наумовски Борче“, Крушево беше домаќин на учениците од OOU.Manchu Matak-Krivogashtani. На учениците им беа презентирани условите во нашето училиште и тоа на интерактивен начин што придонесе за огромно задоволство кај гостите.
Голема благодарност до училиштето за дадената можност да се претставиме пред нивните ученици.

Photos from СОУ Наум Наумовски Борче's post 15/05/2026

Со гордост ги споделуваме успесите на учениците од угостителско-туристичката струка при СОУ „Наум Наумовски-Борче“ – Крушево, кои учествуваа на 13-тиот Меѓународен гастро-туристички натпревар во Ниш-Р.Србија на 15.05.2026 година. 👨‍🍳✨
Во натпревар со над 200 учесници, ги постигнавме следните резултати:

🔸 Категорија: Јадења од скара
👨‍🏫 Ментор: Проф.м-р Љупчо Крстевски
👨‍🍳 Ученик: Андреј Цветаноски
🥇I-место-златен медал

👩‍🏫 Ментор: Проф. Станка Новеска
👨‍🍳 Ученик: Раде Милошески
🥇I-место-златен медал

Категорија: Јадења од риба и месо на модерен начин
👩‍🏫 Ментор: Проф. Оливера Карева Скола
👩‍🍳 Ученик: Андреа Цикуроска
🥇-I место-златен медал

Категорија: Јадења од пилешко месо на модерен начин
👩‍🏫 Ментор: Проф. Оливера Карева Скола
👩‍🍳 Ученик: Андреа Цикуроска
🥈-II место-сребрен медал
Пехар за трето место-јуниори

Категорија: Изложбен дел со јадења од македонска традиционална кујна
Ментори: Оливера Карева Скола, Љупчо Крстевски и Станка Новеска
Ученици: Андреј Цветаноски, Андреа Цикуроска и Раде Милошески
🥈-II-место-сребрен медал и пехар

Учеството на вакви меѓународни натпревари претставува можност за стекнување нови искуства, промоција на знаењето и талентот на нашите ученици, како и достојно претставување на нашето училиште надвор од државата.
Упатуваме огромна благодарност до нашите спонзори, воедно и социјални партнери на школото кои дадоја бескрајна подршка:
-Национален ресторан „Македонска куќа"-Прилеп
-Етно-гостилница „Крушевска одаја"-Крушево
-„Тагас Балкан“ -Крушево
-Гостилница „Сокаче" - Прилеп
Пицерија „Дел Посто"-Прилеп

Им посакуваме уште многу успеси и нови достигнувања!

Want your school to be the top-listed School/college in Bitola?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Website

Address


„Тодор Проески“ 91
Bitola
7550