01/06/2026
За сите што веруваат дека детската имагинација заслужува простор да биде видена.🎨🖌
Со радост ве покануваме да ја споделиме оваа приказна со вас.✨
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Imaginarium Art Studio, Art school, Кирил и Методиј бр. 6, Bitola.
01/06/2026
За сите што веруваат дека детската имагинација заслужува простор да биде видена.🎨🖌
Со радост ве покануваме да ја споделиме оваа приказна со вас.✨
24/05/2026
Пријавувањето е отворено — резервирај го твоето место! 🎨🖌
23/05/2026
Горди на нашите творби 🎨🖌
21/05/2026
🥇 Прва награда за Теона Чаловска
Државна изложба на детски ликовни творби
„Народната култура како трајна инспирација во моето творештво“ 🎨
Теона повторно нè направи горди.
Уште едно големо признание за нејзиниот препознатлив стил, креативност и љубовта со која создава во Имагинариум Арт Студио. ✨
12/05/2026
„ImagineLab – Инклузивна детска лабораторија на уметноста и фантазијата“ 🌈
Едно утро во кое бојата се движеше низ хартијата, текстурите стануваа игра, а дворот се претвори во простор на тивка креативна енергија.
TextureLab отвори процес во кој децата истражуваа, слоевито создаваа и оставаа сопствени визуелни траги — спонтано, слободно и заедно. ✨
Во работилницата учествуваа членови на
Имагинариум Арт Студио
Сложувалка Срце ,
ООУ „Гоце Делчев“ и
ОУРЦ „Кочо Рацин“
создавајќи заеднички простор за уметност, фантазија и поврзување низ креативен процес исполнет со боја и игра.
📍 Организатор: Imaginarium Art Studio
🤝 Проектот е реализиран со поддршка на Министерство за култура / Ministria e Kulturës
03/05/2026
LineLab: Крали Марко Суперстар — линија што носи приказна ✏️
25/04/2026
Меѓу камените траги на Хераклеја, детската имагинација доби своја форма — преку линија, боја и лична приказна. 🎨
Во рамки на „ARTifacts – Детска уметничка лабораторија во музејот“, споделуваме фрагменти од процес во кој уметноста станува начин на доживување на културното наследство.
📍 Во соработка со Музеј Битола - Bitola Museum
🎨 Организатор: Имагинариум Арт Студио – Кристина Стојанова
🤝 Поддржано од Министерство за култура / Ministria e Kulturës
#КултурноНаследство #ДетскаУметност
Меѓу слоевите на културното наследство на Хераклеја Линкестис, се одржа ликовна работилница во рамки на проектот
„ARTifacts – Детска уметничка лабораторија во музејот“.
Водени од инспирацијата на културното наследство и просторот, децата создаваа свои визуелни интерпретации, истражувајќи форма, линија и симболика низ современ ликовен израз — пристап што континуирано се развива во работата на Имагинариум Арт Студио.
Проектот го поттикнува креативниот развој кај младите и ја продлабочува нивната врска со културното наследство преку директно, лично искуство со уметноста.
📍 Во соработка со Музеј Битола - Bitola Museum
🎨 Организатор: Имагинариум Арт Студио
🤝 Поддржано од Министерство за култура / Ministria e Kulturës
#КултурноНаследство #ДетскаУметност
15/04/2026
🎨 Уметноста денес уште еднаш нè потсети дека сите зборуваме ист јазик – јазикот на креативноста.
Во рамките на ImagineLab, ја реализиравме работилницата DreamLab, посветена на Светскиот ден на уметноста.
Заедно твореа ученици од
Имагинариум Арт Студио
Сложувалка Срце
ООУ „Гоце Делчев“ Битола
ОУРЦ „Кочо Рацин“ Битола
✨ Преку цртеж и боја, создадовме заеднички простор на прифаќање, креативност и слободно изразување – и за момент сите зборувавме на истиот јазик.
#СветскиДенНаУметноста #Имагинариум #Креативност #Инклузија
14/04/2026