Образовен Центар Атанасова

Образовен Центар Атанасова Интерактивна настава, активно учење во мали групи и на?

🍀Нашата МИСИЈА🍀 е да поттикнуваме, насочуваме и созадаваме леснотија низ наставно-воспитниот процес. Да развиваме љубов и трпение кон процесот на учење и секое дете да искрериа своја стратегија на учење според капацитет кој го има и интересот кој го развива.
Секое дете има капацитет и потенцијал да учи доколку се допре до него и ја открие тајната и ги разбере одговорите на прашањата кои си ги поставува...
Зошто да учам?
Морам да учам?
Со нас освен што децата ќе ги завршат обврските за наставните материјали, ќе одоговорат на предизвиците со кои се соочуваат...
Ние ги ОХРАБРУВАМЕ, МОТИВИРАМЕ, НАСОЧУВАМЕ, ПОДДРЖУВАМЕ, ПОТТИКНУВАМЕ ,ОСАМОСТОЈУВАМЕ И ПОЧИТУВАМЕ децата и нивните потреби !

🍀Нашата ЦЕЛ 🍀е - стекнување на трајно и применливо знаење, преку кое ученикот се оспособува за учење во текот на животот и личен континуиран развој.

🍀Нашата ВИЗИЈА🍀-
Водечки воспитно образовен центар,во кој нашите деца и родители препознаваат вистински партнер , кој го поттикнува развојот на децата,дава насоки за полесно совладување на наставниот материјал, притоа помага во креирањето на среќни и успешни ученици

🍀 Започнуваат пријавувањата за новиот циклус! 🍀Битола ♥️и Ресен 💚​Помогнете му на вашето дете да ги извршува училишните ...
25/08/2026

🍀 Започнуваат пријавувањата за новиот циклус! 🍀
Битола ♥️и Ресен 💚

​Помогнете му на вашето дете да ги извршува училишните обврски со насмевка, сигурност и стручно менторство.

Организираме бесплатни пробни часови за деца од 6 до 8 години (прво, второ и трето одделение) со цел запознавање со нашата годишна програма која ги опфаќа сите училишни предмети.

​✨ Бесплатни термини за средба:

​01 септември (вторник)
​17:30 ч. – деца на 6 години (1. одделение)
​18:30 ч. – деца на 7-8 години (2. и 3. одделение)

​02 септември (среда)
​17:30 ч. – деца на 6 години (1. одделение)
​18:30 ч. – деца на 7-8 години (2. и 3. одделение)

​✨ Клучни активности во програмата:

​Јазични вештини: Течно читање, правилно пишување и развивање вештини за раскажување.

​Математички развој: Собирање, одземање, множење и делење преку современи методи.

​Училишна поддршка: Водена изработка на домашните задачи и темелна подготовка за следниот ден.

​Наставата се одвива во мали групи со цел максимално посветување на секое дете.

📞 Информации и резервација на место: 075 232 778 | 075 205 609

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕИмаме потреба од наставник/чка за одделенска настава за работа во спремен и мотивиран тим во центаро...
24/08/2026

ОГЛАС ЗА ВРАБОТУВАЊЕ

Имаме потреба од наставник/чка за одделенска настава за работа во спремен и мотивиран тим во центарот во близина на ОУ Климент Охридски .

Потребни квалификации:

Завршено високо образование (дипломиран учител / одделенска настава)

Позитивен пристап, посветеност и љубов кон работата со деца

Желба за постојан професионален развој

Што нудиме:

Пријатна и поддржувачка работна атмосфера

Можност за креативно изразување и професионален напредок

Сите заинтересирани кандидати можат да ја испратат својата кратка биографија (CV) во приватна порака (InBox) или на следната е-пошта: [email protected]

Траење на огласот: до пополнување на работното место.

Спремни за новата учебна година БЕЗ СТРЕС и БЕЗ ДОМАШНИ АГОНИИ дома!​📍 Ресен, започнуваат уписите во Образовен Центар Ат...
22/08/2026

Спремни за новата учебна година БЕЗ СТРЕС и БЕЗ ДОМАШНИ АГОНИИ дома!

​📍 Ресен, започнуваат уписите во Образовен Центар Атанасова 🍀

​Дали и вие потрошивте часови минатата година објаснувајќи задачи, поправајќи правописни грешки или мачејќи се со читањето по напорниот работен ден?

​💡 Има поинаков начин!

Во нашиот центар, децата ги зајакнуваат сите климави места по Македонски јазик и Математика, ја развиваат својата логика и ги совладуваат училишните обврски со леснотија — во мала група од максимум 8 деца!
Учењето не е само пишување домашни задачи. Учењето е развивање сопствено,критичко размислување, примена на наученото во секојдневниот живот , развивање на фокус, концентрација и анализа.
​🇲🇰 🇹🇷 Настава на МАКЕДОНСКИ и ТУРСКИ ЈАЗИК

Овозможете му на вашето дете да учи на јазикот на кој најдобро се изразува, со стручен кадар кој ја знае училишната програма во детал!

​🎁 БЕСПЛАТЕН ПРОМОТИВЕН ЧАС ЗА СТАРТ НА УЧЕБНАТА ГОДИНА:

Донесете го вашето дете на бесплатен час каде ќе видиме како најлесно да ги совлада предизвиците со читањето или математиката и ќе му дадеме ветар во грб!

📞 Пријавувања на: 075/232-778
Пријавете го Вашето дете а ние ќе ви испратиме термин.

⚠️ Местата во групите се строго ограничени .
Работиме посветено, со бројни дидкатички материјали и континуирано учење за постигнување на одлични резултати.

Денес се запознаваме со наставничката Марија . Еве како таа се опишува себе си 😁Здраво! Јас сум наставничката Марија . Р...
21/08/2026

Денес се запознаваме со наставничката Марија . Еве како таа се опишува себе си 😁

Здраво!
Јас сум наставничката Марија . Работата со деца за мене не е само професија, туку вистинска радост и среќа што ме исполнува секој ден.

​Кај мене правилата се јасни: кога се работи, се работи со полна пареа и тука знам да бидам строга (бидејќи редот мора да се знае! 😁 ). Но, кога ќе дојде време за пауза — атмосферата целосно се менува! Тогаш настапува забавниот дел, каде што училницата се полни со смеа, шеги разговори и позитивна енергија.

​Слободното време сакам да го минувам со саканите луѓе, или пак во вистинска релаксација — со добро кафе пред ТВ, гледајќи одличен филм или серија на Netflix. Моето мото е едноставно: дисциплина кога учиме, позитива и љубов во сè што правиме и секогаш време за добра релаксација! ☕🎬✨

Радосни сме кога децата не' чекаат со ваква насмевка да почниме да учиме.Сакате насмевка кај Вашето дете додека учи?Прик...
20/08/2026

Радосни сме кога децата не' чекаат со ваква насмевка да почниме да учиме.
Сакате насмевка кај Вашето дете додека учи?
Приклучете го во нашите групи.
Пријавување на 075/232-778 075/205-609

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВА УЧИЛИШНА АВАНТУРА! 🌟                       🍀Битола и Ресен 🍀​Училишната година чука на врата, а со...
20/08/2026

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА НОВА УЧИЛИШНА АВАНТУРА! 🌟
🍀Битола и Ресен 🍀
​Училишната година чука на врата, а со тоа пристигнуваат и новите предизвици за нашите најмали ученици! За сите првачиња, второодделенци и третоодделенци, нашиот центар ги отвора вратите за упис на нови членови. 🎒✨

​Почетокот на училиштето не мора да биде стресен – со вистинска поддршка, секоја домашна задача станува лесна, а ученето прераснува во забава!

​Што нудиме за прво, второ и трето одделение?

​📖 Лесно совладување на почетното читање, пишување и граматика.
​➕ Забавна математика и развој на логичко размислување.
​✍️ Градење работни навики и совладување на домашните задачи со насмевка.
​🧠 Посебни техники за лесно паметење и концентрација.
​👧 Социјализација и учење низ игра во мали, посветени групи.

​Искористете го почетокот на годината за да му дадете на вашето дете сигурен старт, самодоверба и љубов кон учењето од самиот почеток!
​📍 Запишувањето е во тек! Бројот на места во групите е ограничен со цел посветена работа со секое дете.
​📞 Информации и резервации:
075/205-609 075/ 232-778
📩 Пишете ни во порака за да го резервирате вашето место навреме!

Отворени уписи во Ресен 🍀Образовен Центар Атанасова во Ресен!Настава на македонски наставничката Даринка и турски јазик ...
19/08/2026

Отворени уписи во Ресен 🍀

Образовен Центар Атанасова во Ресен!

Настава на македонски наставничката Даринка и турски јазик наставничката Мерал !

Училишната година е пред самиот почеток.
Континуитетот е важен чекор во стекнувањето на работната навика.

Процесот на учење не е само оценки и учење пред тест или испрашување.
Најпрво треба да се научи КАКО да се учи, ЗОШТО да се учи и на КОЈ НАЧИН да се примени наученото.

Изберете еден од пакетите кои ги нудиме и олеснете го процесот на учењето.
Можности за повеќе попусти .
Инфо на 075 232 778.

Попусти и пакети до 1 Септември 🍀Училишната година е пред самиот почеток🎒👩‍🏫👩‍🏫🏫🚌. Континуитетот  е важен чекор🚶‍♂️ и кл...
19/08/2026

Попусти и пакети до 1 Септември 🍀

Училишната година е пред самиот почеток🎒👩‍🏫👩‍🏫🏫🚌.

Континуитетот е важен чекор🚶‍♂️ и клучот🗝 во стекнувањето на работната навика. Процесот на учење 📓📖✍️📝📖не е само оценки и учење пред тест или испрашување.
Најпрво треба да се научи

КАКО да се учи, ❓️
ЗОШТО да се учи и на 🤔
КОЈ НАЧИН да се примени наученото🏆🥇💪.
Изберете еден од пакетите кои ги нудиме и олеснете го процесот на учењето кај децата.
Можности за повеќе попусти за сите кои ќе се запишат до 1 Септември .

Инфо на
📲075 205 609
📲075 232-778

Најчесто поставуваното прашање ❓⁉️ деновиве, за време на уписите за новата учебна година, е:„Кои се вашите активности? Ш...
17/08/2026

Најчесто поставуваното прашање ❓⁉️ деновиве, за време на уписите за новата учебна година, е:

„Кои се вашите активности? Што работите со децата?“

Нашиот одговор е едноставен, но зад него стојат повеќе од 20 години љубов, работа, искуство и многу детски насмевки. 💛

Што учиме, освен за училиште?

📚 Македонски јазик, математика, лектира и природни науки
🌍 Историја и географија
🙏 Вера, надеж и благодарност
❤️ Љубов, емпатија, почит и поддршка
🤝 Другарство и заедништво
🎩 Бон-тон и култура на однесување
🎯 Концентрација, фокус и навики за учење
🎨 Креативност, игра и забава
💃 Играорна, музика, концерти и културни настани
🏛️ Музеи и посети на различни места
🏭 Посети на фабрики и запознавање со професии и реалниот свет
⛺ Кампови и учење преку искуство
🌿 Патувања низ нашата Македонија и запознавање со нејзиното исконско богатство
🇲🇰 Запознавање со нашата историја, традиција, култура и вера
🤲 Хуманитарни акции и учење дека добрината не се кажува – туку се живее
🎉 Пижама-забави, дружења и многу моменти што се паметат
🧹 И да, понекогаш и заедно средуваме – затоа што и одговорноста се учи!

Но, пред сè…

Прво се градиме како личности. ❤️

Зашто веруваме дека знаењето нема вистинска вредност ако не знаеме како да го користиме, како да бидеме добри луѓе, како да почитуваме, да помогнеме, да сослушаме, да истраеме и да веруваме во себе.

Затоа посветуваме посебно внимание на концентрацијата, фокусот, самодисциплината, трудољубивоста и развивањето на вештини што ќе им бидат потребни на децата не само денес, туку и утре.

Учиме во училница, но и надвор од неа.
Учиме од книгите, но и од луѓето.
Учиме преку игра, патување, разговор, молитва, дружење и вистински животни ситуации.

Во изминатите повеќе од 20 години растевме заедно со генерации деца.
А оваа година растеме уште повеќе. 💛

Со голема радост го отворивме и нашиот нов центар во Ресен, за уште повеќе деца да имаат можност да бидат дел од нашата приказна. 🩷

Низ љубов. Низ трпение. Низ труд. Низ знаење. Низ вера.

Има уште многу што би можеле да ви кажеме…

Но можеби најубавата препорака не сме ние.
Прашајте некој родител. Прашајте некое наше дете. 💛

А сепак, најдобро ќе нè запознаете ако ни се приклучите.

Добредојдовте во местото каде што не учиме само за оценки.
Учиме за животот. За луѓето. За себе. И за тоа како да оставиме добрина каде и да поминеме. ❤️

⬇️⬇️⬇️
Накратко за НАС, за НАШИТЕ ДЕЦА и за начинот на кој постојано учиме, растеме и се развиваме.

📖📚Упис на нови деца во учебната 2026/2027📖📚 !🍀Попусти за запишани деца до 31 Август 🍀Пишуваме✍️, учиме📚 и континуирано р...
12/08/2026

📖📚Упис на нови деца во учебната 2026/2027📖📚 !

🍀Попусти за запишани деца до 31 Август 🍀

Пишуваме✍️, учиме📚 и континуирано работиме со Вашите деца при совладување на наставниот материјал📖.

Децата за 120 минути ќе го напишат домашното✍️, ќе научат🧠 , ќе ги подобрат математичките вештини👀 и ќе го подобрат читањето👄 .

Изберете пакет и создадете повеќе слободно време со Вашите деца за прошетки и разговори. Учењето препуштете ни го нас ✅️.

🌟Удобен простор за децата, топло катче, многу внимание и посветеност при учењето , со цел децата да се чувствуваат пријатно ,среќно и да напредуваат во учењето.
Се наоѓаме на три локации :
Образовен Центар Атанасова
1. Во центарот на градот во Пелагонка 2,5 спрат

2. Кај ОУ Климент Охридски (нова Битола),Тодор Паница бр.13/14
Образовен Центар Аз Буки Веди
3. Во близина на ОУ Даме Груев , Пелагонка 1 🍀

Пријавување на 075/205-609 075/232-778 или во порака.

Address

Улица Павел Шатев бр. бб, ул. Климент Охридски , Пелагонка 2
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38975205609

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Образовен Центар Атанасова posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Образовен Центар Атанасова:

Shortcuts

Share

Category