13/05/2026
Како дел од програмата „50 држави, 50 одделенија“, Американското катче повторно го посетија нашето училиште „Елпида Караманди“ на 12.5.2026 год.
Уште една возбудлива сесија посветена на откривањето на различноста на Соединетите Американски Држави.
Учениците од седмо одделение имаа можност да дознаат за државата Висконсин преку привлечна презентација водена од Ванеса Бордо Фланес, соработник за односи со јавноста во Амбасадата на САД. Од географија и култура до познати знаменитости и традиции, учениците истражуваа што го прави Висконсин уникатен.
Сесијата ја поттикна љубопитноста, учеството и креативноста, при што учениците активно се приклучуваа на дискусиите и активностите во текот на целата посета.
Предметен наставник по англиски јазик: Џенет Тасковска
Благодариме! 🍀