06/08/2026
🦜 Добредојдовте во новиот дом, малечки! 🏡✨
Со голема радост и возбуда ви ги претставуваме најновите членови на нашето семејство – овие две прекрасни единки Жако папагали (African Grey)!
По долго чекање, пакување куфери (или подобро кажано – пердуви!) и внимателно припремање на нивниот нов дом, тие конечно стигнаа во своето ново живеалиште. 🌿🥜
Засега им даваме малку простор и време мирно да се адаптираат на новата средина, мирисите и звуците околу нив, но веќе ни покажуваат колку се интелигентни, љубопитни и фасцинантни птици.
Брзо следат нови авантури, учење нови зборови и секојдневни моменти од нивниот живот кај нас. Останете со нас за да ја следите нивната приказна! ❤️