22/04/2026
На 22.4.2026 г. ученици од прва, втора и четврта година графичка струка од СОУ „Таки Даскало“ - Битола ја посетија Галеријата „Ранко Струмениковски“. Младите графичари, под менторство на наставниците Миле Атанасоски и Весна Мундишевска-Велјановска, се запознаа со делата од ретроспективната изложба на Перо Спироски (еден од членовите на групата ВДИСТ). На овој начин графичката струка придонесува за надградување на визуелната култура кај учениците-графичари, за развивање на чувството за естетика, за изразување со боја и за хармонија на колоритот, поттикнувајќи ја нивната креативна љубопитност и инспирација за реализација на графички дизајни, графички процеси и производи во перспективата на графичката практика.