11/05/2026
Почитувани студенти,
Центарот за кариера, алумни и доживотно учење и Психолошкото советувалиште за студенти, како дел од активностите од Алијансата COLOURS, ве покануваат на едукативна работилница „Унапредување на менталното здравје кај студентите: Психолошко советувалиште и Арт терапија“. Активноста ќе се одржи во Co Space просториите на Студентскиот информативен центар на 18 мај (понеделник) со почеток во 12.00 часот. Ве очекуваме да бидете дел од оваа инспиративна работилница, каде што преку разговор, креативност и заедничко учење ќе придонесеме кон подобро ментално здравје и позитивна студентска средина.
07/05/2026
🎓 Гостинско предавање на Висока медицинска школа – Битола
Со задоволство Ве покануваме на гостинско предавање од реномираниот експерт
👨⚕️ д-р. Хусем Един Бен-Ахмед, PhD
виш научен соработник на Универзитетот во Отава и лидер во областа на здравствените политики и сестринската работна сила.
📌 Наслов на предавањето:
Промовирање на лидерство во креирање политики кај студентите по сестринство: ветувачка стратегија за зајакнување на сестринската работна сила во Северна Македонија
📍 Локација: Висока медицинска школа – Амфитеатар 1
📅 Датум: 08.05.2026
🕚 Време: 11:00 часот
👥 Наменето за: студенти по сестринство, наставен кадар и професионалци од областа
🔍 На предавањето ќе се дискутира за:
✔️ глобалниот недостиг на медицински сестри
✔️ миграцијата и нејзиното влијание врз здравствените системи
✔️ препораките на WHO и ICN
✔️ значењето на лидерството во креирање политики
✔️ реални искуства и студии на случај од меѓународна пракса.
💡 Учесниците ќе имаат можност да стекнат нови знаења, да ги разберат современите предизвици во професијата и да развијат визија за активно учество во креирањето здравствени политики.
📣 Не ја пропуштајте оваа уникатна можност за учење од меѓународен експерт и проширување на вашите професионални хоризонти!
02/05/2026
🎓🌍 Меѓународно учество на студенти од Високата медицинска школа – Битола во Erasmus+ Blended Intensive Programme (BIP)
Студентите Амер Халим, Благица Илиеска, Јована Стевановска, Марија Талеска и Давид Петрески од студиската програма Физиотерапевт при Високата медицинска школа – Битола, Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола, учествуваа во меѓународниот Blended Intensive Programme (BIP) со наслов Toxic Exposure and Rescue: Integrated Simulation and Pharmaceutical Analysis (TOX-RESCUE)”организиран од Faculty of Health Sciences – Jan Kochanowski University, Kielce, Полска од 26 – 30 април 2026. Програмата, вреднувана со 3 ECTS кредити беше интердисциплинарен едукативен курс со фокус на препознавање, анализа и управување со случаи на токсична експозиција во здравствената пракса.Во рамките на програмата студентите учествуваа и во меѓународна тимска работа, анализа на случаи, подготовка на заеднички научен извештај, како и презентација на резултатите преку научна презентација и дискусија. Учество во вакви програми претставува голем чекор кон интернационализација на образованието, развој на практични компетенции, како и подготовка на студентите за работа во мултидисциплинарни здравствени тимови на европско ниво.
#ВисокаМедицинскаШколаБитола
26/04/2026
Високата медицинска школа - Битола, како активна членка на European Nursing Module Network (ENM) учествуваше на 34-тиот Годишен менаџмент состанок на мрежата, кој се одржа во периодот 22–25 април 2026 година на Universidad Francisco de Vitoria во Мадрид, Шпанија. На овој меѓународен настан нашата институција беше претставена од проф. д-р Тања Јовановска, проф. д-р Викторија Продановска Стојчевска и пред. д-р Анѓелка Јанкуловска. Годишниот состанок на ENM ги обедини претставниците на бројни европски универзитети и високообразовни институции, со цел унапредување на меѓународната соработка, развој на студентската мобилност и зајакнување на академските партнерства во областа на медицинските и здравствените науки. Во рамките на состанокот беа разгледани теми поврзани со размената на студенти, активностите на мрежата, идните развојни стратегии, како и нови иницијативи за унапредување на образованието и професионалниот развој во здравствениот сектор. Учеството на Високата медицинска школа - Битола на вакви меѓународни настани претставува значаен чекор во зајакнување на интернационализацијата на институцијата, развојот на академската соработка и создавање нови можности за студентска и наставна мобилност во рамки на европскиот високообразовен простор. ВМШ – Битола продолжува да придонесува кон развојот на меѓународните партнерства и унапредувањето на квалитетот на образованието во областа на здравствените науки.
19/04/2026
Проф. д-р Снежана Стоилова од Високата медицинска школа - Битола беше поканет предавач на 38-ми Априлски средби на медицински лаборанти и санитарни техничари, одржани од 17-19 април 2026 година во Струга. Таа одржа стручно предавање на тема: Постекспозициона профилакса кај експонирани здравствени работници на крвно преносливи инфекции - тема од голема важност за заштита на здравствените работници и унапредување на безбедноста во здравствените установи. На истиот настан, проф. д-р Стоилова беше назначена за претседател на Научниот одбор на 38-те Априлски средби. Настанот претставува голема можност за размена на знаења, искуства и современи научни достигнувања во областа на лабораториската медицина и здравствената пракса.
10/04/2026
Со голема гордост ја споделуваме веста дека нашите студенти постигнаа одлични резултати на Годишната студентска конференција на УКЛО, каде нивните трудови беа наградени меѓу најдобрите.
🏆 Наградени студентки:
✔️ Теодора Звездакоска
✔️ Самира Реџепоска
✔️ Марија Талеска
👩🏫 Под менторство на:
пред. д-р Анѓелка Јанкуловска
пред. м-р Денис Арсовски
Дополнително, посебно признание „Студентска извонредност“ доби:
⭐ Ирена Лауцоска
Вашиот труд, посветеност и истражувачки дух се доказ дека инвестираме во знаење, квалитет и успешна иднина. Искрени честитки до сите наградени студенти!
#УКЛО #УКЛОстуденти #Извонредност
23/03/2026
Високата медицинска школа – Битола при Универзитет „Св. Климент Охридски“ – Битола објавува повик за пријавување на студенти за учество во Erasmus+ Blended Intensive Programme (BIP).
📍 Jan Kochanowski University – Kielce, Poland
📅 26 – 30 Април 2026
Програмата “Toxic Exposure and Rescue: Integrated Simulation and Pharmaceutical Analysis (TOX-RESCUE)” е интердисциплинарна и вклучува:
🧪 лабораториски активности
🚑 медицински симулации
🧬 анализа на реални клинички случаи
🌍 работа во меѓународни студентски тимови
📌 Број на места: 5 студенти
📩 За пријавување на студентите кај пред. м-р Денис Арсовски на следната email адреса: [email protected]
23/03/2026
Стручната и едукативна посета на Центарот за дијализа „Нефроплус“ – Битола претставуваше значајно искуство за студентите од втора година, насока Општа медицинска сестра. Посетата беше реализирана под менторство на демонстраторот м-р Габриел Живковиќ со цел продлабочување на теоретските знаења и нивна примена во практични услови. За време на посетата, студентите имаа можност непосредно да се запознаат со организацијата и функционирањето на дијализниот центар, како и со современите методи и процедури кои се применуваат при третманот на пациенти со хронична бубрежна инсуфициенција. Особено внимание беше посветено на принципите на хемодијализа, начинот на подготовка на пациентите, мониторингот за време на процедурата, како и на улогата на медицинскиот персонал во обезбедување квалитетна и безбедна здравствена нега. Студентите активно учествуваа преку поставување прашања и дискусија со здравствените работници, што придонесе за подобро разбирање на клиничката пракса и предизвиците со кои се соочуваат пациентите и персоналот. Дополнително, беше истакната важноста на хуман пристап, етичките принципи и комуникацијата со пациентите, кои се клучни во секојдневната работа во вакви установи.
Оваа посета претставува значаен сегмент од едукативниот процес, бидејќи им овозможи на студентите да ги поврзат теоретските знаења со реалната клиничка практика, да развијат професионални вештини и да стекнат поголема сигурност, како идни здравствени професионалци.
22/03/2026
Како резултат на меѓуинституционалната соработка помеѓу Високата медицинска школа - Битола и Jan Kochanowski University of Kielce (Полска), отворени се апликации за Intensive International Educational Programmes (IIEPs) во рамки на SPINAKER проектот, финансиран од NAWA.
📅 Краен рок за аплицирање: 25 март 2026
ℹ️ Подетални информации кај пред. м-р Денис Арсовски на [email protected]