СТУДИОРУМ Едукативен Центар е првиот приватен едукативен центар формиран во Битола во 1993 годна како плод на долгогодишно истражување и размислување, и потребата за изучување на Англискиот јазик како странски јазик. Нашата цел е реализација на еден реален план кој ќе има допирни точки со случувањата од секојдневниот живот и интересите на кандидатите. Успехот на програмата го гледаме во детално, методско и аналитичко работење, во софистицираната литература од Longman, Oxford University Press и Cambridge, поддржана со високо квалитетна аудио и визуелна опрема, и на крај, во фактот што курсевите се изведуваат од страна на високо образовен и стручен кадар.
СТУДИОРУМ Едукативен Центар е докажан водечки образовен центар во градот за изучување на Англиски јазик со следната програма:
- Курсеви за деца од предшколска возраст
- Курсеви за ученици од основно образование
- Курсеви за ученици од средно образование
- Курсеви за возрасни - почетници и бизнис програма
- Подготвителна настава за полагање на IELTS, MICHIGAN, TOEFL, FC, CAE. Eдукативниот центар СТУДИОРУМ се стреми за поддршка на потребите на децата и семејствата преку академски, рекреативни и општествени методи. За таа цел, во состав на центарот работи и ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ. Програмата се фокусира на индивидуалните потреби на секое дете cо цел да му се помогне при извршувањето на неговите училишни обврски. Со нашата грижа сакаме да обезбедиме ангажирање и збогатување на активностите на децата во сите области; социо-емоционални, когнитивни и физички. Со секој ученик се работи индивидуално и темелно, му се посветува целосно време, внимание и стручна помош која му е потребна. Ви нудимe образовни услуги постигнати преку соодветна методологија на работа.
Во состав на Едукативниот Центар СТУДИОРУМ работи и БИРО ЗА ПРЕВОД каде што се врши секаков вид на стручен и судски превод.