ООУ "Гоце Делчев" Битола

ООУ "Гоце Делчев" Битола Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ "Гоце Делчев" Битола, School, Виенска 13, Bitola.

Ве очекуваме🎉
05/06/2026

Ве очекуваме🎉

СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИТЕ, „ДЕН НА СПОРТОТ“ -По повод "Ден на спортот" на 04.06.2026 година учениците од второ одделение ...
04/06/2026

СПОРТСКИ ИГРИ ЗА МЛАДИТЕ, „ДЕН НА СПОРТОТ“ -По повод "Ден на спортот" на 04.06.2026 година учениците од второ одделение присуствуваа на настан кој се одржа во спортската сала "Боро Чурлевски" во Битола,-„Ден на спортот“ кој се реализира во рамки на програмата Спортски игри за младите и е најголемата аматерска спортска манифестација за деца и млади во Европа,која Федерацијата на училишен спорт на Македонија ја реализира на територијата на Македонија. Овој еднодневен спортско-едукативен настан наменет за деца од основните училишта промовира масовно и бесплатно учество во спортот, инклузивност, родова еднаквост, здрави животни навики и фер игра.

🚀 Уште една награда за ликовен конкурс отиде  кај Димитра Петровска од IX-1 одделение. 🚀На ликовниот конкурс на тема “Пч...
04/06/2026

🚀 Уште една награда за ликовен конкурс отиде кај Димитра Петровска од IX-1 одделение. 🚀
На ликовниот конкурс на тема “Пчелата чувар на планетата Земја” во организација на Пчеларско здружение “Нектар” - Битола, нашата Димитра освои прво место.
Наградата ја врачи лично Амбасадорот на Република Словенија, Грегор Прескер.
Честитки за Димитра за наградата на самиот крај на нејзиното основно образование во нашето училиште, како и за нејзиниот ментор и главен поддржувач, наставничката по ликовно образование - Кристина Стојанова. 🎨 💐
Честитки за двете, супер успешен тандем! 🎉

Во организација на ФУСМ и Министерство за спорт, денес беше реализиран завршниот дел од проектот Спорт и Млади. Нашето у...
04/06/2026

Во организација на ФУСМ и Министерство за спорт, денес беше реализиран завршниот дел од проектот Спорт и Млади. Нашето училиште го освои првото место во народна со генерација на ученици родени 2017 година.

По повод Денот на детето и млекото ученици од IV одделение ја посетија млекарницата Вемилк и имаа можност да се запознаа...
04/06/2026

По повод Денот на детето и млекото ученици од IV одделение ја посетија млекарницата Вемилк и имаа можност да се запознаат со процесот на производство на млечни производи. Посетата беше интересна, а учениците се стекнаа со знаења за значењето на млекото и млечните производи во нивната исхрана и производството на здрава храна.

Посета на античкиот град Хераклеа Линкестис, еден од најзначајните археолошки локалитети. Посетата овозможи ученици од I...
03/06/2026

Посета на античкиот град Хераклеа Линкестис, еден од најзначајните археолошки локалитети. Посетата овозможи ученици од IV одделение да научат повеќе за историјата, културата и наследството во нашиот крај.

Нашите млади литературни творци блескаат каде и да учествуваат со свои творби. На литературниот конкурс на НУ Универзите...
03/06/2026

Нашите млади литературни творци блескаат каде и да учествуваат со свои творби. На литературниот конкурс на НУ Универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ – Битола, на тема „Светлината на буквите“, по повод 24 Мај – Денот на сесловенските просветители Св. Кирил и Методиј, освоени се ЧЕТИРИ ПРВИ НАГРАДИ.
Под менторство на наставничката Емилија Прчкова, наградени се ученичките: Јана Лазаревска – VIII 1, Бојана Љамчевска – VI 1, Илина Силјановска – VI 3.
Под менторство на наставничката Катерина Николовска, наградена е ученичката Магдалена Житошанска – VIII 3.
Честитки за сите! Продолжете да творите и да чекорите по патот на успехот. 🥇🏆🍀

На Државниот натпревар по Биологија одржан на 30.5.2026 година нашите ученици остварија одлични резултати! 8 одд.Михаил ...
03/06/2026

На Државниот натпревар по Биологија одржан на 30.5.2026 година нашите ученици остварија одлични резултати!
8 одд.
Михаил Гагалов -1 награда
9 одд.
Катја Босилкова - 2 награда
Искра Василевска - 2 награда
Матеја Тамбура - 3 награда
7 одд.
Мартин Атанасовски -пофалница
Ментор: Мимоза Николовска

01/06/2026
Од првите акорди на пробите, до големата натпреварувачка сцена…Од регионално прво место, преку државни шампиони, до осво...
30/05/2026

Од првите акорди на пробите, до големата натпреварувачка сцена…
Од регионално прво место, преку државни шампиони, до освојување на ИНТЕРНАЦИОНАЛНИОТ музички натпревар „Art In 2026“ — Мила, Меланија, Лана, Димитра, Николија и Искра, ученичките од нашиот училишен бенд испиша приказна што ќе се памети! 🏆🎶✨
Во конкуренција на талентирани млади музичари од повеќе држави од регионот и светот, нашите ученици повторно се искачија на пиедесталот и освоија ПРВО МЕСТО!!! 🥇
Секој настап беше исполнет со сигурност, страст и желба да се даде максимумот на сцената, а така беше и денес во Кавадарци.
Зад целата оваа приказна стои нивниот ментор — неуморната наставничка Марија Арсиќ која е секогаш борбено упорна и целосно посветена на своите ученици и успева им всади посебна љубов кон музиката, верба во сопствените способности и им го трасира патот кон успесите што денес гордо ги славиме. ✨🎶🏆
Горди сме што преку музиката достојно го претставивме нашето училиште, градот Битола и Република Македонија. 🇲🇰❤️
Ова е уште една голема победа која ќе остане запаметена!🏆🎶🥇

Address

Виенска 13
Bitola
7000

Opening Hours

Monday 07:00 - 19:00
Tuesday 07:00 - 19:00
Wednesday 07:00 - 19:00
Thursday 07:00 - 19:00
Friday 07:00 - 19:00

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ "Гоце Делчев" Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category