Спортска Академија Битола

Спортска Академија Битола Спортската академија се основа како Државно средно училиште со гимназиско образование.

Спортската академија се основа како Државно средно училиште со гимназиско образование, со Одлуката на Владата на Република Македонија бр. 42-8316/1 од 7. 12. 2015 год. (СЛ. Весник на РМ бр.217 од 11. 12. 2015 год.)

Академијата има цел да обезбеди соодветно прилагоден образовен систем на учениците кои се талентирани спортисти, а при тоа да го зголеми фокусот кон нивниот професионален спортски развој, односно да организира тренинзи од избраниот спорт во текот на секој учебен ден, реализирани од стручни лица – тренери кои се ангажирани од страна на училиштето. Во таа насока, младите и талентирани спортисти, потенцијалните национални спортски репрезентативци, ќе имаат можност дополнително да работат и се развиваат на спортски план, а при тоа непречено да го реализираат и својот интелектуален и академски развој.

ДСУ Спортска академија формира спортски паралелки во четирите спорта – кошарка, тенис, фудбал и ракомет. За секоја од нив е задолжен спортски ментор, а за реализација на тренажниот процес се грижат професионални тренери, избрани од националните спортски федерации.

Спортските стручни лица кои се вработени или ангажирани од страна на Спортската академија се од редот на афирмирани спортски работници, со професионално играчко и тренерско искуство, меѓу кои се Милева Велкова, Ванчо Димовски, Наталија Тодоровска, Јулија Дамчевска, Благоја Васиќ, Метлиовски Никола, Небојша Ѓуковиќ, Александар Петровиќ, Стојна Вангеловска, Глигор Санев, Горан Шевченко, Предраг Митковски, Марио Вујовиќ, Горан Станиќ, Гого Јовчев….

Тренинзите се изведуваат на терени изградени од страна на ФФМ, во соработка со ФИФА и УЕФА, за фудбалските паралелки, во спортски објекти изградени од Агенцијата за млади и спорт, за ракометните и кошаркарските паралелки, како и во затворени објекти – балони, во тениските центри Југ, ИТЦ и Аеродром, за тениските паралелки.

Уписот на ученици во Академијата, покрај основните критериуми согласно закон, се врши по определено тестирање на нивните спортски вештини во 4 спорта – тенис, кошарка, фудбал и ракомет. По рангирањето врз основа на тестирањето, комисиите, односно националните спортски федерации, даваат потврди за завршено тестирање, а истите се задолжителни за упис на ученици во ова училиште.

Учениците во Спортската академија можат да конкурираат за добивање на стипендија, согласно објавениот Конкурс за доделување на стипендии на редовни ученици запишани во спортска академија

По завршување на 4 година, учениците на Спортската академија полагаат Државна или Училишна матура и стекнуваат право на аплицирање на факултетите во образовниот систем на државата.

Дисперзираните паралелки на училиштето во 9те градови ги изведуваат соодветните тренинзи во спортски објекти кои се обезбедени од страна на општините, и тоа во Битола, Охрид, Велес, Прилеп, Штип, Гостивар, Тетово, Струмица и Кавадарци.

Четири години...Четири години смеење по ходниците, доцнења на тренинг, нервози пред тестови, расправии за ситници и прег...
27/05/2026

Четири години...
Четири години смеење по ходниците, доцнења на тренинг, нервози пред тестови, расправии за ситници и прегратки кога било најтешко. Четири години во кои од деца полека станавте млади луѓе со свој став, свој карактер и свои соништа.

Како класен раководител, не можам да кажам дека бевте совршен клас. Не бевте.
Но бевте жив клас. Искрен, гласен, топол, клас што остава трага.

Секој од вас донесе нешто свое.

Адо-бунтовникот со најмеко срце. Секогаш прв кога требаше да се заштити некоја девојка, секогаш гласен кога чувствуваше неправда.
Леонора-борецот што никогаш не се откажуваше, дури и кога ѝ беше најтешко.
Лука-како да не беше многу заинтересиран за ништо… ама некако секогаш беше дел од сè што ќе ни остане во сеќавање.
Мелиса-доказ дека може и спорт и учење кога има труд и дисциплина.
Сара-зборлеста, ама секогаш со срце и секогаш добар ученик.
Марио-момчето што најубаво презборуваше… и најсилно ја трескаше вратата кога ќе се налутеше.
Јован-фудбалер по дрес, ама шетач по душа.
Виктор-мирот во училницата.
Петар-насмевката што секогаш ја разведруваше атмосферата.
Дејан-момчето што за секое отсуство имаше „совршен“ изговор, иако никој не му веруваше до крај.
Ангела-организаторот без кого ни матурска прослава немаше да се случи.
Мина-командантот на класот, со став и глас што сите го слушаа.
Александар-ни зборува, ни се смее… ама од него косата ми побеле повеќе отколку од сите заедно.
Данило-„иди ми, дојди ми“, ама никогаш вистински далеку од класот.
Накиќ -исполнителен, тивок и сигурен кога најмногу требаше.
Гордана-скромна, а токму таквите луѓе најмногу вредат.
Јован-со повреда, ама со срце поголемо од секоја болка и со желба за тренинг што инспирираше.
Емилија-понекогаш ѝ беше тешко и на училиште да дојде, ама сепак беше дел од оваа приказна.
Меритон -тивок на почетокот, а расцвета на крајот.

И знаете што е најубавото?
Што после многу години нема да се паметат оценките. Ниту кој колку изостанал.
Ќе се паметат моментите. Смеењето на последна клупа. Навивањето на натпревари. Погледите пред тест. Заедничките фотографии. Малите кавги што траеја еден ден и пријателствата што ќе траат многу подолго.

Од утре светот нема да ве прашува кој бил најгласен во класот или кој најмногу доцнел.
Ќе ве праша какви луѓе сте станале.

А јас верувам дека ќе станете добри луѓе.

Некои од вас ќе победуваат. Некои ќе паѓаат и повторно ќе стануваат. Некои ќе заминат далеку. Некои ќе останат блиску.
Но каде и да одите, носете нешто од оваа училница во себе-малку другарство, малку храброст, малку инает и многу човечност.

И кога животот ќе ви стане тежок, сетете се дека еднаш бевте дел од еден чуден, гласен, тврдоглав, прекрасен клас што знаеше и да се кара и да се сака.

Горд сум на сите вас.
И ако нешто ви посакувам понатаму, тоа е никогаш да не престанете да верувате во себе - дури ни тогаш кога никој друг нема да верува.

Со среќа, деца мои.
Сега светот е ваш.

20/05/2026

СРЕБРЕНИ ДЕВОЈКИ СО ЗЛАТЕН СЈАЈ 🏆

19/05/2026

Примените кандидати за подетални информации околу поднесување на документи може да се информираат во ДСУ Спортска Академија Лице за контакт Марија Конеска 077861661 Ф...

Честитки за нашите девојки за освоеното второ место во футсал на гимназијадата во Струмица 💪🥈🏆
13/05/2026

Честитки за нашите девојки за освоеното второ место во футсал на гимназијадата во Струмица 💪🥈🏆

11/05/2026
10/05/2026

ИЗВЕСТУВАЊЕ – СЕЛЕКТИРАЊЕ ЗА СПОРТСКА АКАДЕМИЈА 2026
Се известуваат сите заинтересирани ученици дека ќе се одржи селектирање за упис во Спортската академија – паралелки по фудбал за учебната 2026/2027 година.
📍 Локација: Битола (опфатени се и кандидати од Ресен и Демир Хисар)
📅 Датум: 11.05.2026 (понеделник)
🕓 Време: 16:00 часот
🏟️ Место: Терен со вештачка трева – Општина Битола
📞 Информации и пријавување: 076/282-070
Ги повикуваме сите талентирани млади фудбалери да се пријават и да ја искористат можноста за развој во системот на Спортската академија.

08/05/2026

Наша ученичка, наша гордост
Ти благодариме Јована за убавите зборови, ти посакуваме успешна фудбалска кариера

07/05/2026

Наш ученик, наша гордост
Ти благодариме Мазари за убавите зборови, ти посакуваме многу успеси во фудбалската кариера

06/05/2026

Наш ученик, наша гордост
Дипломираниот машински инженер Ице за ДСУ Спортска Академија Битола

05/05/2026

Address

DSZU "Kuzman Sapkarev"
Bitola
7000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Спортска Академија Битола posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category