Растеме и учиме

Растеме и учиме Психолошко катче за деца, млади и возрасни. Контакт: Марина - 070759168; Рената - 075627210

Тајната мисија – „Крадецот на мисли“! 🕵️‍♂️🧠Заедно откривавме како понекогаш во нашата глава се појавуваат мисли кои нѐ ...
30/05/2026

Тајната мисија – „Крадецот на мисли“! 🕵️‍♂️🧠

Заедно откривавме како понекогаш во нашата глава се појавуваат мисли кои нѐ плашат, обесхрабруваат или ни шепотат дека нешто не можеме. Но, дали секоја мисла што ќе ни дојде е вистина?

Преку игра, разговор и креативни активности учевме како да ги препознаеме „крадците на мисли“, да ги фатиме на дело и да им се спротивставиме со похрабри, пореални и помоќни мисли.

Децата истражуваа што се случува кога ќе им поверуваме на лошите мисли и како можеме да станеме вистински детективи на сопствениот ум.

💡 Затоа што мислите доаѓаат сами, но ние избираме на кои ќе им веруваме.

Психолошкото катче за деца и млади „Растеме и Учиме“
🌱 Место каде што растеме, учиме и ја откриваме силата што веќе ја носиме во себе.

*Групите ги водат лиценцирани психолози и психотерапевти.
*Сликите се направени и објавени во согласност со родителите.

03/11/2025

„Барам и давам поддршка” 🫂

Во среда зборуваме за поддршката – како изгледа кога ја бараме и како се чувствуваме кога ја даваме.

Преку игра, разговор и креативност, децата учат дека секој од нас има раце што пружаат и срце што прима.

Две групи, многу насмевки и едно големо чувство на заедништво и топлина.

Продолжуваме и оваа среда со нови работилници!

*Групите ги водат лиценцирани психолози, психотерапевти.
*Сликите се направени и објавени во согласност со родителите.

10/10/2025

Оваа среда ја обоивме во боите на самодовербата! 💫

Во рамки на нашите работилници на тема „Јас можам!“, децата преку игра, приказни и креативност ја откриваа својата внатрешна сила и учеа со гордост да кажат – Јас навистина можам!

Две групи, многу насмевки и уште повеќе верба во себе! 💛

25/09/2025

Тема : „Театар на емоции“

Возрасна група : 4-6години

Продолжуваме и оваа среда со нови работилници!

Работилниците ги водат лиценцирани психолози и гешталт психотерапевти!

*Фотографиите се направени и објавени со согласност на родителите!

18/09/2025

Тема : „Што ме прави среќен/а?“

Возрасна група : 7-9 години

Продолжуваме и оваа среда со нови работилници!

Работилниците ги водат лиценцирани психолози и гешталт психотерапевти!

*Фотографиите се направени и објавени со согласност на родителите!

Address

Bitola

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Растеме и учиме posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share