30/12/2021
Постигнување на посакуваните резултати и напредок во спортот не се состои само од „добар тренинг“. Многумина од нас вежбаат напорно, напредуваат и постигнуваат добри резултати. Но за некое време чуствуваме дека немаме напредок. Колку и да вежбаме нема подобрување на резултатите.
Постигнуваме „плато“. Тоа е состојба каде повеќе не се напредува, не постигнувате ПР-ви (персонални рекорди), а најчесто се случува и да се назадува, односно резултатите опаѓаат. Овој проблем директно е поврзан со начинот на исхрана, односно решението е во начинот на исхраната. Исхраната е основата не само за физичките перформанси туку и за општото здравје. Има една стара поговорка: „Лекот е во храната, храната е лекот“. Човечкото тело е комплексен склоп на системи. Затоа храната која ја внесуваме мора да биде балансирана односно телото мора да ги прими сите потребни протеини, јаглехидрати и масти со цел системите во телото да бидат синхронизирани. Оваа синхронизација е директно поврзана со нашето здравје и физичкиот перформанс.
Со цел да постигнеме разултати во тренингот, исхраната мора да биде мерлива, да може да ја следиме и да може да ја прилгодуваме.
🍏Во IMS покрај тренинзите добивате и програма за исхрана. Нашиот пристап е индивидуален. Не постои едно решение за сите. Ние сме фокусирани на секој спортист и рекреативец. Нашата врата е отворена за сите консултации и совети како да го подобрите вашиот перформанс.