17/09/2026
Почитувани Пријатели,
Здружението "Невроразлични" Битола, со поддршка од Општина Битола, Ве поканува на исклучително значаен настан што ќе го трансформира начинот на кој ги разбираме и поддржуваме децата од аутистичниот спектар.
Во центарот на вниманието ќе биде еминентниот Проф. Др. Владимир Трајковски, редовен професор на Институтот за специјална едукација и рехабилитација на Филозофскиот факултет при УКИМ во Скопје и еден од најистакнатите македонски авторитети во областа на аутизмот и развојните нарушувања. Професорот Трајковски ќе ги сподели своите долгогодишни знаења и искуства за клучната важност на дијагностиката и раната интервенција за понатамошниот развој и квалитет на живот на децата од аутистичниот спектар.
Бидете дел од ширењето на свест, поддршка на родителите на децата со невроразличност и секако бидете во тек со најновите случувања во областа на невроразвојот.
И бидејќи сите ние знаеме дека времето во кое живееме е полно со предизвици и многубројни невроразлични деца, а наша заедничка и најголема желба е истите тие да се вклопат, а се' тоа би било возможно кога ние возрасните би биле повеќе свесни за нивните потреби.
Ве очекуваме!
Со почит,
Невроразлични