Aгенција за иселеништво

Aгенција за иселеништво Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Aгенција за иселеништво, Makedonija 19, Скопје.

Aгенцијата за иселеништво на Република Северна Македонија ги врши работите и задачите кои се однесуваат на положбата и правата на иселениците, помагањето на нивниот културен развој, унапредувањето на врските со нив и нивните организации, запознавањето на иселениците со состојбите во државата, создавањето услови за враќање на иселениците
и вклучување во јавниот и економскиот живот на Република Северна Македонија и
други работи утврдени со закон.

JАВЕН ПОВИК                     за пријавување на волонтери-дописници од иселеништво      Агенцијата за иселеништво, во ...
24/08/2026

JАВЕН ПОВИК
за пријавување на волонтери-дописници од иселеништво

Агенцијата за иселеништво, во соработка со Македонската Радиотелевизија (МРТ), а врз основа на потпишаниот Меморандум за соработка, објавува јавен повик за ангажирање на мотивирани волонтери од иселеништво.
Целта на овој заеднички проект е креирање на нова платформа за создавање „ресус – центар на волонтери потенцијални дописници на МРТ“
Оваа платформа има за цел да создаде информативна мрежа за редовно известување за активностите, успесите, културниот и општествениот живот на Македонците кои живеат надвор од границите на матичната земја, а на самата веб страница на Агенцијата за иселеништво ќе биде посебно обележана како „МК Конект“.
Волонтерите ќе имаат можност да подготвуваат и испраќаат вести, репортажи и интервјуа за значајни настани во нивните локални заедници, кои потоа ќе бидат емитувани и објавувани на програмите на МРТ и медиумските платформи на Агенцијата за иселеништво.
Во оваа фаза заинтересираните да испратат контак информации на [email protected]

23/08/2026

Репортажа од летните кампови во Берово и во Охрид наменети за децата од македонските
заедници ширум светот, кои секоја година ги организира Агенцијата за иселеништво. Годинава, за првпат беше организиран музичко-етнолошки камп во Берово, а традиционалната 18-та летната школа за учење македонски јазик во Охрид, за првпат беше под покровителство на претседтелот на Владата г-динот Христијан Мицковски.

Погледенете како се раѓаат нови пријателства и се создаваат спомени во својата татковина.

Репортажата е на Јаглика Петковска

https://play.mrt.com.mk/play/596657

Во Ц.К ,,Бели Мугри" Кочани,  беше отворена ликовната изложба ,,ИГРАТА КОЈА ОСТАНУВА" од авторот Боре Митовски, иселеник...
23/08/2026

Во Ц.К ,,Бели Мугри" Кочани, беше отворена ликовната изложба ,,ИГРАТА КОЈА ОСТАНУВА" од авторот Боре Митовски, иселеник ликовен уметник од Нова Горица, Р. Словенија!

23/08/2026

Проследете го прилогот изготвен од екипата на Македонската телевизија која ги следеше активностите на учесниците на Музичко-етнолошкиот камп во Берово и Летната школа за македонски јазик во Охрид, во организација на Агенцијата за иселеништво!

https://play.mrt.com.mk/play/596657

23/08/2026

🌟 НОВАТА СЕЗОНА 2026/27 ЗАПОЧНУВА! 🇲🇰❤️

Со голема радост и уште поголема љубов кон македонската традиција, фолклор и нашето македонско коренче, ја започнуваме новата фолклорна сезона! ❤️

Пред нас е уште една година исполнета со игра, песна, дружење, нови кореографии, настапи и незаборавни моменти. 🎶💃🕺

Посебна благодарност до сите родители, членови и пријатели кои со својата поддршка му помагаат на нашето друштво да расте и да продолжи да ја чува и пренесува македонската традиција на младите генерации. 🇲🇰

Најголема благодарност до нашите деца и младинци – вие сте нашата иднина и најголемата мотивација! ❤️

Нека ни биде сезоната успешна, весела и исполнета со многу убави спомени!

Со срце за Македонија, со љубов кон фолклорот! 🇲🇰❤️

Благодарност до нашите прекрасни кореографи за нивниот труд, посветеност и љубов кон фолклорот. ❤️ Ви посакувамe успешна нова сезона, многу убави моменти и уште многу заеднички успеси! 🇲🇰💃🕺

Со голема радост им честитаме на нашите нови кореографи на детската група, Мелани Ефтимова и Михаил Наумоски! ❤️

Им посакуваме многу успех, трпение, енергија и прекрасни моменти со нашите најмали. Нека новата сезона биде исполнета со многу игра, насмевки, убави настапи и успеси! 🇲🇰❤️

🎉 СЕ ГЛЕДАМЕ НА ПРОБА НАСКОРО!
Сезона 2026/27 – почнуваме наскоро!

21/08/2026

Во сабота во 19:00 часот на првиот канал на Македонската телевизија, гледајте ја репортажата ,,Што е Македонија во детските очи" од Берово до Охрид

📌 Title: Македонски Денови на Културата 2026 🇲🇰📝 Caption: 🇲🇰 Две вечери. Една традиција. Една култура.📍 Лондон – 16.09.2...
21/08/2026

📌 Title: Македонски Денови на Културата 2026 🇲🇰
📝 Caption: 🇲🇰 Две вечери. Една традиција. Една култура.
📍 Лондон – 16.09.2026
📍 Оксфорд – 18.09.2026
Ве очекуваме! ❤️

На покана од страна на организаторот Едмонд Темелко, делегација од Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Го...
21/08/2026

На покана од страна на организаторот Едмонд Темелко, делегација од Агенцијата за иселеништво предводена од директорот Горан Ангелов присуствуваше на Македонскиот фолклорен фестивал ,, Преспа" во Пустец Албанија, под покровителство на претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски.
Во своето обраќање премиерот Мицкоски ја истакна важноста на чувањето на македонскиот јазик, фолклор и култура кај Македонците во соседните земју кои како автохтоно население се нераскинлив дел од матичната држава. Владата во периодот кој следи ќе се фокусира кон програми за поддршка на Македонците во Пустец и зацврстување на врските.
Директорот Горан Ангелов оствари кратка средба со градоначалникот на општина Пустец Пали Колефски и подари промотивен и учебен материјал за потребите на училиштето по македонски јазик и култура во Пустец.
На фестивалот учествуваа фолклорни друштва од Битола, од Кресна и од Егејска Македонија, како и музичкитете уметници
Блага Петреска и Круме Спасовски

Денес Агенцијата за иселеништво ја посети младата поетеса Сара Оручи Мемедовска од Германија,во придружба на нејзиниот с...
20/08/2026

Денес Агенцијата за иселеништво ја посети младата поетеса Сара Оручи Мемедовска од Германија,во придружба на нејзиниот сопруг. На средбата со директорот Ангелов Сара информира дека е нова во творечките води, подготвува трета книга поезија, а веќе има и готови романи преведени на италијански јазик, на кој начин планира да ја промовира татковината преку творештвото надвор од Македонија. Како млад автор Сара се надева на поголема поддршка и препознатливост од страна на домашните литературни друштва, поети и писатели бидејќи своето творештво го врзува со љубовта кон Македонија и македонскиот јазик. Директорот Ангелов се заблагодари за посетата и подарените книги и информира дека Агенцијата за иселеништво преку програмите ќе продолжи да ја зацврстува врската помеѓу поетите кои творат во странство и својата татковина

Address

Makedonija 19
Скопје
1000

Opening Hours

Monday 08:30 - 16:30
Tuesday 08:30 - 16:30
Wednesday 08:30 - 16:30
Thursday 08:30 - 16:30
Friday 08:30 - 16:30

Telephone

+38 9 2 3118 633

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Aгенција за иселеништво posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share