Меѓународни и интеркултурни студии

Меѓународни и интеркултурни студии

Share

Меѓународни и интеркултурни студии

11/02/2026

Во име на повеќе генерации на активни и веќе дипломирани студенти на студиската програма, сакаме да се произнесеме по ставовите во јавноста за квалитетот и оправданоста на студиската програма на Меѓународни и интеркултурни студии, дел од УНЕСКО катедрата за интеркултурни студии и истражувања при Филозофскиот факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“ - Скопје.

Студиската програма е одобрена на седница на Одборот за акредитација и евалуација на високото образование, одржана уште на 23.12.2016 година, по претходно доставен позитивен извештај од стручна комисија. Водејќи се од целите поставени со оваа студиска програма, но и од содржините што ги нудат програмите, за референтна програма според која е изработен елаборатот е програмата за четиригодишни додипломски студии на Универзитетот „Беркли“ од САД.

Студиската програма прв пат е воспоставена во академската 2017 година, и секоја година со распишување на конкурсот за упис на студенти, се движи со квота од помалку или повеќе од 25 студенти (вообичаено 10 во државна, 10 во приватна квота и 5 вонредни студенти). Филозофскиот факултет, проценува дека тоа е доволен број на заинтересирани студенти, што и во пракса се покажало точно.

Меѓународни и интеркултурни студии, од моментот на нејзиното воспоставување, до ден денешен, единствената интердисциплинарна студиска програма – принцип на студирање следен на многу универзитети кои се наоѓаат на врвот на шангајската листа. Малата бројка на студенти, со интердисциплинарниот метод на функционирање, кој претпочита следење на предмети од повеќе факултети на УКИМ, како Филозофскиот, Економскиот, Правниот и други факултети, претставува само практичност и ефективност.

Во ситуација во која, високото образование се соочува со хиперпродукција на монолитни дипломи, дипломирани студенти без никакво искуство и високо образование кое е на дното на сите параметри на академски напредок на светско ниво, деструктивно е токму вакви студентски програми да се критикуваат. Напротив, интердисциплинарноста и квалитетот на студирање на МИС, се вредности кои треба да се стимулираат во скоро сите веќе постоечки студиски програми.

Нападот на едни од најквалитетните кадри и студии, претставува дополнителен удар, врз мал број студенти, кои обратно-пропорционално од перцепцијата на јавноста, се задоволни од своите студии, токму во Македонија, токму на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

Дополнително, дипломираните кадри од оваа студиска програма, со звање политиколог по меѓународни и интеркултурни односи, денес се меѓу најистакнатите гласови во граѓанскиот сектор во државата. Тие се активни претставници во меѓународни, регионални и интервладини организации, дел од нив се вклучени и во институциите на системот, но пред сè се лидери што водат и креираат општествени промени за подобро иднина за сите. Сево ова е доказ за тоа колку навистина е успешна оваа студиска програма.

Очекуваме дека ваквата реторика, претставува само лапсуз и исклучок, во тоа како државата ги поттикнува младите, својата академска и професионална кариера да ја остваруваат во Македонија.

Photos from Филозофски факултет - Скопје's post 25/10/2022

🌐 Успешно заврши конференцијата по повод Меѓунрадниот ден на дипломатите „Дипломатијата - мост помеѓу нациите“.

🏳 Беше потврдена тезата на студентите по Меѓународни и интеркултурни студии, дека дипломатијата е клучната ака во меѓународниот систем, што го конструира мирот. Ова го потврдија излегувањата на нивните екселенции:

🇪🇺 г. Дејвид Гир, амбасадор на Делеацијата на Европската Унија

🇫🇷 г. Сирил Баумгартнер, амбасадор на Француската Република

🇩🇪 г-а Анке Холштајн, амбасадорка на Федерална Република Германија

🇮🇱 г. Градимир Шумковски, почесен конзул на Државата Израел

🎉 Нека е честит Меѓународниот ден на дипломатите!

25/10/2022

[LIVE] 🌐 Diplomacy - bridge builder between nations

22/10/2022

Со големо задоволство ја најавуваме целодневната конференција „Дипломатија - мост помеѓу нациите“ во оргaнизација на Филозофскиот факултет и студентите од Меѓународни и интеркултурни студии!

🌐 Со оглед на неодамнешните случувања во меѓународните односи, улогата на дипломатијата во пошироката јавност станува сè поважна. Затоа, оваа година, студенти од меѓународни и интеркултурни студии во соработка со Филозофскиот факултет организираат настан по повод Меѓуанродниот ден на дипломатите.

➡️ На 25 октомври со почеток во 10:30 часот во Аулата на Филозофскиот факултет, ќе имате можност да ги слушнете излагањата на дипломатите присутни во нашата земја, за дипломатијата како мост меѓу народите.

Вашето присуство задолжително потврдете го со пополнување на формата https://forms.gle/osVrkYe2SqGzMftx7

Ве очекуваме!

Анализа на Случај - КИПАР 16/06/2022

📘 Анализа на случај: Кипар

🇨🇾 Анализа на конфликтот во Кипар, која нуди мултидимензионален пристап на конфликтот.

Анализа на Случај - КИПАР Анализа на конфликтот во Кипар, која нуди мултидимензионален пристап на конфликтот

18/04/2022

🌐 И оваа година, студенти од Меѓународни и интеркултурни студии, при Филозофски факултет, Универзитет „Св. Кирил и Методиј“, одржаа симулација на седница на Совет за безбедност, во организација на Претседателскиот центар за политичко образование, со поддршка од партнерската фондација „Фридрих Еберт“.

🌐 Темата на дискусија беше „Актуелната безбедносна состојба во земјата и во евроатлантскиот регион“.

🏛 Целта на симулацијата е вклучување на младите кадри и нивно доближување до работата и функционирањето на државните институции и органи.

Photos from Меѓународни и интеркултурни студии's post 23/12/2021

📚 Во рамките на предметот Практикум Мир и конфликти, продолжуваат средбите и разговорите со институциите. Студентите на #МИС имаа можност на посета на Владата на Република Северна Македонија, да разговараат со советникот на Претседателот на Владата за труд и социјална политика, Милан Живковиќ.

📈 Личниот и професионалниот развој на младите и студентите, е правопропорционален со отвореноста и желбата за соработка на институциите.

🙏🏻 Благодарност до г. Милан Живковиќ, за отворените разговори за процесите, како на општествено, така и на лично ниво.

Photos 16/11/2021

➖ Негативниот мир претставува отсуство на страв од насилство.

➕ Позитивниот мир пак, претставува односот, институциите и структурите кои создаваат мирни општества и ги прават истите одржливи.

The key to building peacefulness in times of conflict and uncertainty is Positive Peace.

Read more in the Positive Peace Report 2020 → http://visionofhumanity.org/resources

24/10/2021

🎂 Денес е роден Јохан Галтунг, основачот на институтот за мировни истражувања во Осло.

☮️ Тој ги развил теориите за позитивен и негативен мир, структурно насилство, теоријата за разрешување конфликти како и концептот за градење на мирот.

21/09/2021

🕊 Денес е Меѓународен ден на мирот!

🌐 Глобалниот индекс за мир (ГПИ) е извештај изработен од Институтот за економија и мир (ИЕП) кој ја мери релативната позиција на мирот на нациите и регионите. Според извештајот за 2021 година, нашата држава се наоѓа на 40-то место според нивото на мир од 163 места.

🏘 Веќе втора година светот се справува со пандемија, која најмногу ги погоди сиромашните и маргинализираните групи. Затоа овогодинешната тема е „Подобро опоравување за правичен и одржлив свет“, која цели да поттикне инспирација и мотивација за креативни и колективни акции за заедничко закрепнување од последици.

🤝🏻 Само сите заедно може да го трансформираме нашиот свет во поздрав, поправеден, инклузивен и одржлив!

Photos from Меѓународни и интеркултурни студии's post 25/08/2021

🌍 Како културниот менталитет влијае врз политиките во светот?

🎓 Еве што може да Ви понуди #МИС!

❓ Зошто #МИС?

Want your school to be the top-listed School/college in Скопје?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Website

Address


Скопје