Институт за класични студии

Институт за класични студии Официјална страница на Институтот за класични студии при Филозофскиот факултет во Скопје.

Каков е недоделканиот според Теофраст? Денес прикажуваме извадоци од овој човечки карактер. Неговата книга со вакви опис...
15/09/2026

Каков е недоделканиот според Теофраст? Денес прикажуваме извадоци од овој човечки карактер. Неговата книга со вакви описи се вика Характери и е преведена од проф. д-р Марија Чичева-Алексиќ (Скопје: Слово, 2007).

#студирајкласични #фзф

Се навраќаме на објавувањето на 13-те најдобри приказни и фотографии од овогодинешниот конкурс АНТИЧКА ПРИКАЗНА ИНСПИРИР...
11/09/2026

Се навраќаме на објавувањето на 13-те најдобри приказни и фотографии од овогодинешниот конкурс АНТИЧКА ПРИКАЗНА ИНСПИРИРАНА ОД ФОТОГРАФИЈА.

📸 Средношколката Јована Димитровска од Делчево напишала интересна и поучна приказна. Каков ли е тој пехар? Што можеме да научиме од оваа приказна? ✍️

🤔 Знаете ли зошто грнчарката се вика Кала?

🔗 Прочитајте ја целата приказна на tagrammata.wordpress.com и пишете ни како ви се допаднала 😊

#фзф #студирајкласични

✨️ АНТИКАТА ОКОЛУ НАС ✨️Пред еден од влезовите на издавачката куќа Матица на ул. Македонија наидовме на стари натписи на...
10/09/2026

✨️ АНТИКАТА ОКОЛУ НАС ✨️

Пред еден од влезовите на издавачката куќа Матица на ул. Македонија наидовме на стари натписи на латински јазик. Овие поучни поговорки посебно нè израдуваа и ни покажаа како може корисноста да се спои со убавиот приказ дури и по илјадници години. Прочитајте го преводот:

☺️

Semper dic verum
= Секогаш зборувај ја вистината.

Vacuam duc crimine vitam
= Води живот чист од злости.

Fer patient⟨i⟩a onus, fac sapienter opus
= Поднесувај ги маките трпеливо, прави ги нештата мудро.

Sapiens homo omnia s/u/a se/c/um (portat)
= Мудриот човек (си го носи) сето свое со себе.

Tantum s/c/imus quantum memoria tenemus
= Знаеме онолку колку што паметиме.

Tantum pos⟨s⟩umus quantum s/c/imus
= Можеме онолку колку што знаеме.

Ignorantia nocet!!!
= Незнаењето наштетува!!!

Poeta nascitur, orator fit!!!
= Поет се раѓа, говорник се станува!!!

Verba volant, scripta manent
= Кажаното прелетува, напишаното останува.

🖼 Методија Тасевски, студент

#студирајкласични #латински #поговорки

09/09/2026

Утре и задутре е вториот уписен рок за првиот циклус студии. Искористете ја шансата да се запишете на некоја програма што ја нуди Институтот за класични студии:

1️⃣ КЛАСИЧНА ФИЛОЛОГИЈА

или

2️⃣ ГРЧКИ ЈАЗИК И КЛАСИЧНА ФИЛОЛОГИЈА

Запознајте се со возбудливиот и огромниот свет на антиката преку латинскиот и старогрчкиот јазик, хеленската и римската книжевност, култура и историја, а тоа може да го проширите и со знаења за Византија, современа Грција и многу други привлечни теми!

Погледнете ги нашите претходни објави за повеќе податоци за програмите, постапката и документите, како и за да се запознаете со нашата досегашна активност 🔎

Ви стоиме на располагање за сè 😊

#студирајкласични #фзф @уким

🏛️ Продолжете ги студиите по латински и старогрчки јазик, историја и култура, како и истражувањата на Византија и микенс...
07/09/2026

🏛️ Продолжете ги студиите по латински и старогрчки јазик, историја и култура, како и истражувањата на Византија и микенскиот период на вториот циклус на Институтот за класични студии!

🎓 Нудиме магистерска програма по класична филологија, византологија и микенологија за звањето „магистер по класична филологија“.

👉 Студиите траат една година и собираат 60 ЕКТС. Во првиот семестар има 3 задолжителни предмети, а во вториот има 2 изборни, како и магистерскиот труд.

Оваа година конкурсот е отворен за 20 студенти по цена од 1883 евра (како и сите останати магистерски програми на Филозофскиот факултет).

⏳ ПРВ РОК
пријавување: 1 – 16.10.2026
запишување: 21 – 22.10.2026

ВТОР РОК
пријавување: 1 – 12.02.2027
запишување: 17 – 18.02.2027

📎Повеќе податоци и потребните документи се достапни на:http://fzf.ukim.edu.mk/wp-content/uploads/Konkurs-ii-2026-27-Filozofski.pdf

#студирајкласични #фзф #магистерски

Продолжуваме со извадоците од човечките характери на античкиот старогрчки писател Теофраст... Досега ги видовме лицемери...
04/09/2026

Продолжуваме со извадоците од човечките характери на античкиот старогрчки писател Теофраст... Досега ги видовме лицемерите и ласкавците, а денес – дрдорливците...

превод од старогрчки, увод и белешки
Марија Чичева-Алексиќ
Скопје: Слово, 2007

#студирајкласични #фзф

Во септември студентите се зафатени со полагање испити, на првиот ден започнува училишната година, а на осмиот го славим...
02/09/2026

Во септември студентите се зафатени со полагање испити, на првиот ден започнува училишната година, а на осмиот го славиме референдумот за независност на Република Македонија од 1991 година. Верниците имаат свои свети денови, националните малцинства имаат свои празници. Многу роднини и пријатели слават роденден или именден. Земјоделците и сточарите си го тераат редот...

🗓 Но, што претставувал месецот септември за античките Римјани? Разгледајте го календарот со празници, игри, родендени на императори, годишници од основање на некои храмови, воени паради, гроздобер, пазарни денови... Некои од нив се многу стари, а други се додавани во подоцнежните векови; ова е збирен приказ.

☺️ Кој ден ви е најинтересен или би сакале да го истражите повеќе? Пишете ни ги вашите впечатоци во коментари...

🖼 Методија Тасевски, студент

Не е користена вештачка интелигенција.

Градот Помпеја близу Неапол бил трагично затрупан од вулканската ерупција на вулканот Везув во 79 г. од наша ера. Сепак,...
27/08/2026

Градот Помпеја близу Неапол бил трагично затрупан од вулканската ерупција на вулканот Везув во 79 г. од наша ера. Сепак, тоа зачувало огромен дел од градбите, натписите, мозаиците, сликите, предметите, па и облиците на луѓето. Меѓу тие графити се наоѓа и овој, љубовен.

Старогрчкиот сликар Апел (Ἀπελλῆς) живеел во времето на Александар Македонски (IV в. од стара ера). Уживал огромна слава и една од неговите најпознати слики била Афродита (Венера) која се издига од морето. За жал, таа слика е изгубена и за неа дознаваме од книжевните описи на Римјанинот Плиниј Постариот. Анегдотата вели дека како модел сликарот ја зел љубовницата на Александар – Кампаспа или Панкаста. Има и неколку зачувани слики и мозаици од антиката со овој мотив, а тој бил користен и во подоцнежните периоди, за што сведочи и сликата избрана тука.

Ти, ако не си ја видел Венера на сликарот Апел,
⠀мојата кукличка, глеј, блеска со истиот сјај!
⏑⏑ -⏑⏑ -⏑|⏑ -⏑⏑ -⏑⏑ --
⠀-⏑⏑ -⏑⏑ - | -⏑⏑ -⏑⏑ -

Si quis non vidit Venerem quam pinxit Apelles,
⠀pupam meam aspiciat; talis et illa nitet.
-- -- -|⏑⏑ -- -⏑⏑ --
⠀-⏑⏑ -⏑⏑ - | -⏑⏑ -⏑⏑ -

препев: Методија Тасевски, студент

🖼 „Раѓањето на Венера“ (1863), Александар Кабанел (Alexandre Canabel, 1823 – 1889), масло на платно, 150 х 250 cm, 🇫🇷

#студирајкласични #македонски

Во тек е XXV Меѓународниот византолошки конгрес, кој оваа година се одржува на Универзитетот во Виена (24 – 29 август).В...
26/08/2026

Во тек е XXV Меѓународниот византолошки конгрес, кој оваа година се одржува на Универзитетот во Виена (24 – 29 август).

Во рамките на тематската сесија “Cultural Cross-References in Late Byzantine Literature” учествуваа проф. д-р Даниела Тошева и проф. д-р Јасмина Наумоска од Филозофскиот факултет, заедно со проф. д-р Марија Чичева-Алексиќ од Институтот за старословенска култура и д-р Маќеј Хелбиг од Катовице, Полска.

📗 Проф. д-р Даниела Тошева од нашиот Институтот за класични студии беше раководителка на сесијата, во која се отворија прашања за културните и книжевните вкрстувања во доцновизантиската литература и нејзиниот однос кон античкото наследство и подоцнежните книжевни традиции. Своето истражување го пренесе во поглед на еден од своите најнови преводи – византискиот роман „Хизмина и Хизминиј“ од Евматиј Макремволит (Чудна шума, 2024).

📖 Колешката-класичарка, проф. д-р Марија Чичева-Алексиќ од Институтот за старословенска култура во Прилеп се осврна на влијанието на доцновизантискиот философ Гемистос Плетон врз романот Η Γυφτοπούλα („Младата ѓупка“) на Александрос Пападијамантис, којшто го има преведено и е во подготовка за печатење.

☦️ Колегата-класичар и историчар, м-р Филип Марковски во сабота ќе реферира за Охридската архиепископија по 1204 година, во рамките на цела панел-дискусија за Македонија и Балканот во Византија.

🇲🇰 Особено значајно е што на еден од најголемите меѓународни собири посветени на византиската цивилизација се претставуваат и македонски научници со своите истражувања, отворајќи простор за нови дијалози и академски поврзувања.

Меѓународниот конгрес за византиски студии првпат бил одржан во 1924 година во Букурешт, Романија, во организација на Романската академија. Вториот, пак, се одржал во Белград, Југославија, во 1929 година. Од 1948 година го организира Меѓународното друштво за византиски студии. Нашиот Охрид бил домаќин на Конгресот во 1961 година. Оваа година, на Конгресот учествуваат повеќе од 1500 научници, меѓу кои 18 се од Република Македонија.

#студирајкласични

Искршен глинeн сад со натпис:NAVICIVM VENERIS= navigium veneris / Veneris= чамец на страста / чамецот на Венера💕 и прика...
25/08/2026

Искршен глинeн сад со натпис:

NAVICIVM VENERIS
= navigium veneris / Veneris
= чамец на страста / чамецот на Венера

💕 и приказ на двојка во љубовен занес, при што мажот го држи и кормилото, а таа, завртена кон него – неговото лице.

⚱️ Отисокот е од калап, што значи дека бил произведуван на големо.

🗓 Садот се датира кон крајот на II и почетокот на III век од нашата ера.

🤭 Антиката возбудува!

#студирајкласични

Address

Скопје

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Институт за класични студии posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Институт за класични студии:

Shortcuts

Share