18/09/2026
✨Денес на УКИМ се одржа меѓународната конференција „Towards Advanced Pathways to Synergies in European R&I", во хибриден формат, во рамки на проектот WIDE AcrossEU од програмата Хоризонт Европа 🇪🇺
Проектот се спроведува заедно со Универзитетот во Пардубице (координатор), Житомирскиот политехнички државен универзитет, Универзитетот во Лапонија и Универзитетот во Умео.
Конференцијата ја отвори ректорката на УКИМ, проф. д-р Биљана Ангелова, а за историјата и перспективите на европската универзитетска алијанса ACROSSEU говореше проф. д-р Ерик Лероа ди Кардоноа од Универзитетот во Кан Нормандија.
Проф. д-р Димитар Трајанов од ФИНКИ го претстави проектот ВЕЗИЛКА и примената на доверлива вештачка интелигенција во високото образование и науката.
Во првиот панел, модериран од Бети Костадиновска Димитровска, се разговараше за пристапот до европските фондови за истражување и иновации, со учесници од сите партнерски универзитети.
Во делот посветен на политиките, проф. д-р Зоран Т. Поповски зборуваше за COST како алатка за вмрежување, Уна Лепенен за улогата на паметната специјализација во новата Повеќегодишна финансиска рамка 2028 до 2034, а проф. д-р Анастас Мишев за истражувачките инфраструктури преку ESFRI. Своите искуства ги споделија и Петра Федорова од Чешка и Никлас Јохансон од Шведска.
Вториот панел, модериран од проф. д-р Ивана Јанеска - Стаменковска, проректор за наука, ја отвори темата за соработката меѓу индустријата и академијата во европските проекти.
Благодарност до сите говорници, панелисти и учесници. Ваквите средби се доказ дека УКИМ е активен дел од европскиот истражувачки простор. ✨