SLoveGo - mentorski upisi na studii vo Slovenija

SLoveGo - mentorski upisi na studii vo Slovenija

Share

Персонализирано менторство за гарантиран упис на студии во Словенија.

29/05/2026

Сакаш да студираш во Словенија, но целата процедура ти изгледа многу сложена? 🤔

Со нас, добиваш целосна поддршка – од избор на програма до финално пријавување!

⏳ Роковите за магистерски студии се во тек. Пријави се навреме!
📩 [email protected]

20/05/2026

🗣️ Што велат нашите студенти за соработката со Словего?

„За Словего дознав од другарка која минатата година со нивна помош запиша средно училиште во Словенија. Нејзиното позитивно искуство ми изгледаше како одлична идеја.

Се одлучив за студии во Словенија поради бројните погодности за студентите – бесплатни студии и меѓународно признаена диплома. На сите странски студенти им препорачувам да соработуваат со тимот на Словего.“

Надја Лазаревиќ - Студентка на Економскиот факултет во Љубљана

Надја имаше јасни цели кога ни се обрати а ние и обезбедивме сигурен упис. 🎯

Приклучи се и ти на успешно запишаните студенти!

📩 [email protected]

09/05/2026

👉 Испрати го видеово на некој што треба да се запише на студии во Словенија!

Вака може да изгледа твоето секојдневие ако следниот чекор ти е магистерски студии во Словенија.

За повеќе информации контактирај нè на [email protected] и ќе ти го објасниме целиот процес до упис!

07/05/2026

Универзитетот во Љубљана е најстариот и најголемиот универзитет во Словенија, со традиција што гради генерации успешни студенти.🏫

Во Љубљана денеска студираат над 37.000 студенти, на 23 факултети и 3 уметнички академии, со стотици студиски програми во различни области.🎓

Рангиран меѓу првите 3% универзитети во светот, тој нуди широк избор на студиски програми, современи услови за студирање и академска средина што поттикнува развој и напредок.💡

Доколку сакаш да студираш на универзитет што ти отвора пат кон успешна европска кариера, тогаш ова е вистинското место!

Контактирај нè на [email protected] и дознај дали Универзитетот во Љубљана е вистинскиот избор за тебе.

03/05/2026

Во Словенија се јавува сè поголема побарувачка за кадри од области како што се информатичките технологии, инженерството, здравството и бизнис секторот. 💡

Тоа значи дека со правилен избор на студиска програма, уште од самиот почеток си поставуваш стабилна основа за сигурна и перспективна кариера. 💡

Студирањето во Словенија ти овозможува не само квалитетно образование, туку и полесен пристап до пазарот на труд по дипломирањето. 🎓

Доколку сакаш да направиш избор што ќе ти донесе реални можности по студиите, започни навреме и информирај се за насоките кои што се најбарани на пазарот на трудот.

Закажи бесплатна консултација со Словего и направи сигурен чекор кон својата иднина!

29/04/2026

Доколку размислуваш за следниот академски чекор, Словенија е одлична можност за продолжување на магистерски студии. Квалитетно образование, европска диплома и попристапни животни услови го прават овој избор сè поатрактивен за студентите од регионот.💡

За оние што сакаат да напредуваат во својата област, магистерските студии во Словенија нудат можност за понатамошно образование без школарина, што значително го олеснува целиот пат до повисоко академско ниво. Тоа значи дека можеш да се фокусираш на своето знаење, развој и идни можности, без дополнителен финансиски товар.💡

За повеќе информации контактирај нè на [email protected] и дознај како да го направиш следниот чекор кон магистерски студии во Словенија.

25/04/2026

Едно од најчесто поставуваните прашања е дали по дипломирањето може да се остане во Словенија? 🇸🇱

Да, и за таа цел препорачливо е да стекнете студентско работно искуство, за да го искористите како влог за постојано вработување. ✅
Во барањето на работа ќе ви помогне и центарот за кариера на вашиот факултет.💡

За повеќе информации закажете бесплатна консултација: [email protected]

21/04/2026

Додека студираш во Словенија, имаш можност да работиш веднаш по запишувањето, односно со добивањето на студентски статус.

Тоа значи дека можеш да најдеш работа со полно или скратено работно време што ќе се вклопи со твоите предавања и обврски, без да ти го наруши студентскиот ритам.🎓

На тој начин полесно ги покриваш секојдневните трошоци, стекнуваш работно искуство и стануваш финансиски понезависен уште за време на студиите.🎓

Дознај повеќе на [email protected]

17/04/2026

На само еден час од Љубљана, Велика Планина е една од најубавите планински дестинации во Словенија.

Позната по својата препознатлива традиционална архитектура и прекрасните природни пејзажи, Велика Планина нуди совршен спој на мир, свеж воздух и можности за активен одмор. Без разлика дали сакаш пешачење, зимски активности или едноставно уживање во автентична локална храна, ова место нуди искуство што вреди да се доживее.

Тоа е одлична дестинација за искористување на слободните денови, но и убава можност одблиску да се запознаеш со словенечката природа, традиција и култура.

Истражувај ја Словенија и откриј колку убавини нуди студентскиот живот надвор од факултетот.

Photos from SLoveGo - mentorski upisi na studii vo Slovenija's post 13/04/2026

Уписот на студии во Словенија е многу полесен кога имаш јасна насока уште од самиот почеток.

Сè започнува со консултација, каде што ги разгледуваме твоите интереси, планови и можности. Потоа заедно ја наоѓаме студиската програма што најмногу ти одговара, ги подготвуваме потребните документи, ја поднесуваме апликацијата и те водиме до самиот упис.

За повеќе информации контактирај нè на [email protected] и ќе закажеме бесплатна консултација!

Want your school to be the top-listed School/college in Ljubljana?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Address


Ulica Bratov Babnik 16
Ljubljana
1000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00