17/08/2026
🏕 Од 10-12 август 2026, се одржа летен младински камп на тема ,,Заштита во случај на катастрофи” при ОО Црвен крст Виница.
👤 На истиот учествуваа околу 50 волонтери, од кои 30 коишто доаѓаа од општински организации ширум Македонија. Кампот беше на тема ,,Заштита во случај на катастрофи”, преку истата се прикажа како да се обезбеди терен, и преку симулација како да се заштитиме во случај на пожар.
❤️ Овој камп немаше да се реализира доколку на истиот не дадоа придонес и значителна поддршка следниве спонзори: Sliv Elite Events (главен спонзор), Термостил ДООЕЛ, Електровин, Ротари Клуб Кочани-Виница, Општина Виница, Пицерија Рома, Пицерија Чили, Леда - Вин, Пица Нова, Сендвичара Ким, Ресторан Галија, Месарница Малин, Месарница Вимес, Месарница Мите - Мес, Пекара Три Бисери, Пекара Фрипек, Кафана Кај Аце, Скара Центар, Пиљара Кај чичо Тошо, Пиљара Бона фреш, Продавница за хигиенски средства по фабрички цени. Благодарност до домаќините од манастирот Рождество на Пресвета Богородица во село Блатец за просторот и местото.
🚒 Огромна благодарност до Доброволно
противпожарно друштво ДПД Виница, за
соработката и поддршката при реализирање на
активностите на овој камп.
🤍 Овој камп е наше сигурно место, место каде учиме нови работи, го зголемуваме семејството, ги засилуваме нишките, и одново посакуваме да се вратиме на тие три дена.