12/06/2026
УЧЕНИК НА ГЕНЕРАЦИЈАТА ЗА УЧЕБНАТА 2025/2026 ГОДИНА! 🌟
Со огромна гордост, чест и задоволство објавуваме дека титулата „Ученик на генерацијата“ во нашето училиште ООУ „Кочо Рацин“ - Блатец оваа година заслужено заминува во рацете на прекрасната и исклучително талентирана ИЛИНА МОМЧИЛОВСКА 🏆✨
Во текот на изминатите девет години, ИЛИНА МОМЧИЛОВСКА не само што нижеше само петки во својот дневник, туку покажа извонреден талент, неуморна посветеност, дисциплина и високи резултати на бројни натпревари. Со својот пример, скромност и другарство, таа беше и останува вистинска инспирација за своите соученици и гордост за целиот наставен кадар.👏❤️
Драги ученици Ви посакуваме уписот во средно училиште да биде само почеток на една прекрасна приказна. Чекорете храбро, верувајте во себе и никогаш не престанувајте да сонувате големи нешта! Небото е граница! 🚀🎓💼.
Со почит
ООУ Кочо Рацин Блатец-Виница