Училиште за математика "Броеви 14:21"

Училиште за математика "Броеви 14:21" Приватно училиште за часови по математика за ученици од основно и средно образование
с. Велгошти, Охрид.

02/10/2018

Почнаа тестовите по математика, а со нив и тремата кај учениците. Ние сакаме да ви помогнеме со совети како да се ослободите од стравот и тремата пред тест. Повелете прочитајте и применете.

Тремата предизвикува страв кој се манифестира со црвенило, потење, вознемиреност, брзо чукање на срцето. Сето тоа резултира со лоши резултати на тест или писмена работа, иако пред тоа се си научил.

За да ја совладаш тремата мора прво да знаеш која е причината за трема. Обично главната причина е несигурноста кај ученикот. Доколку не си вежбал доволно и редовно, чуствуваш збунетост, вознемиреност и страв. Понекогаш учениците не учат секојдневно т.е. редовно и сакаат пред тест се да научат. Тие многу учат но сите нови податоци во мозокот не можат наеднаш да се обработата. Ученикот се збунува и на тестот ништо не може да реши иако претходниот ден многу учел.
Децата од кои се бара да бидат најдобри исто така имаат трема или од страв од наставникот или од родителите. Тие се плашат дека ке ги разочараат родителите и лесно се збунуваат.
За да ја отфрлиш тремата нема да ти помогнат никакви амајлии што наводно носат среќа. Против тремата мораш сам да се бориш и да се соочиш со неа. Еве некои совети кои ќе ти помогнат:
1. Припрема- Најважен фактор за ослободување од тремата е секојдневното вежбање и решавање на задачи.
2. Опуштање- Вечер пред тест или писмена не треба да се учи. Треба да се опуштиш. Слушај музика, гледај убав филм, пешачи или слично. Прави нешто што те релаксира. Така ќе му помогнеш на твојот мозок и на мислите убаво да се одморат за утрешниот тест.
3. Сон- Добриот сон е многу вашен фактор за совладување на тремата. Ако си не наспан нема да имаш доволно концентрација и нема да можеш да се сетиш на ниту една задача која си ја вежбал.
4. Исхрана-иако не ти е дојдено до јадење, пробај малку да каснеш зошто тоа добро ќе ти дојде за тестот.
5. Облека- Заборави на алишта што ти носат среќа и облечи нешто во кое се чуствуваш удобно.
6. Доаѓање на време- Ако тестот ти е на прв час ова е многу битен фактор.Доколку закасниш стравот станува поголем. Пробај да стигнеш барем 15 минути пред тестот.
7. Дишење- Доколку и покрај сето ова добиеш трема тука е дишењето. Правилно длабоко дишење ке ти помогне да се опуштиш и концентрираш на тестот.
8. Позитивни мисли- покрај дишењето тука се и позитивните мисли. Доколку си вежбал редовно и за време на тестот те фати трема, вознемиреност и испаниченост, вдиши длабоко и кажи си на себе: Јас знам бидеќи решавав задачи и можам да ја победам тремата.

02/10/2018
02/10/2018

Еве некои занимливости од математиката

Нулата е единствен број кој не може да се представи со римски број.

Знакот = е изум на математичарот Robert Record од XVI век, бидејќи му се здосадило постојано во равенките да пишува “e еднакво на”

12.345.678.987.654.321 е производ на броевите 111.111.111 x 111.111.111. Забележете дека цифрите се наредени по растечки редослед од 1 до 9, а потоа се намалуваат од 9 до 1.

Ако ги собираме по ред броевите од 1 до 100 се добива збир 5050. Паровите броеви: 1 и 100; 2 и 99; 3 и 98; 4 и 97 и .... секогаш даваат збир 101. Такви парови има 50 (ги добиваме кога 100 го делиме со 2). Значи 50 парови секој со збир 101 т.е 50 х 101 =5050

Дали сте слушнале за бројот палидром? Тоа е број кој исто се чита од двете страни. На пример: 12421

03/09/2018

Започнаа уписите за приватни часови по математика. На сите ученици им посакуваме многy успех во учебната 2018/19 година

31/08/2018

Address

Velgosti

Telephone

+38971391938

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Училиште за математика "Броеви 14:21" posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Училиште за математика "Броеви 14:21":

Shortcuts

Share

Category