Оуд Лазар Лазаревски Велес

Оуд Лазар Лазаревски Велес Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Оуд Лазар Лазаревски Велес, Education, Ulica D-r. Hristo Tatarchev br. 3, Veles.

12/03/2026

#МеѓународенДенНаМатематиката ✨️

📐➗ Ден на математиката и Денот на бројот ПИ – Размисли брзо, реши мудро! Денес во ОУД „Лазар Лазаревски“ - Велес се реал...
12/03/2026

📐➗ Ден на математиката и Денот на бројот ПИ – Размисли брзо, реши мудро!

Денес во ОУД „Лазар Лазаревски“ - Велес се реализираше едукативен и возбудлив квиз „Математички милионер“, по повод Меѓународниот ден на математиката и Денот на бројот ПИ.

На овој настан учество зедоа ученици сместени во ученичкиот дом, а кои учат во средните училишта во нашиот град, кои преку знаење, логика и брзо размислување ги покажаа своите математички вештини и натпреварувачки дух. Атмосферата беше исполнета со возбуда, тимска работа и искрена желба за знаење.

Квизот беше организиран од дипл. професор по математика и воспитувач во ученичкиот дом м-р Василка Ѓурчиновски, со цел да се поттикне љубовта кон математиката, критичкото размислување и натпреварувачкиот дух кај младите.

„Математички милионер“ уште еднаш покажа дека математиката не е само предмет - таа е предизвик, игра на умот и инспирација за нови идеи.

Им честитаме на сите ученици за покажаното знаење, храброст и ентузијазам, и се надеваме дека оваа активност ќе стане убава традиција која ќе ги мотивира младите уште повеќе да ја истражуваат магијата на математиката.

✨ Математиката е јазикот на логиката, а знаењето е вистинскиот пат до успехот!

26/01/2026

Со голема радост денес ги пречекавме гостите од ученичкиот дом во Крањ, Словенија, кои ни гостуваат во рамките на програмата Еразмус+ во ОУД „Лазар Лазаревски“ - Велес 🇲🇰🇸🇮

Првиот ден од оваа убава приказна беше обоен со ритам, традиција и заедништво, благодарение на фолклорните изведби на КУД „Коле Неделковски“. Со секој чекор и нота, тие ни покажаа дека културата не познава граници, а пријателството се создава преку споделени вредности и искрени насмевки.

Оваа средба не е само размена на искуства, туку и мост меѓу младите, јазиците и традициите. Нека овие денови бидат исполнети со нови знаења, убави спомени и пријателства што ќе траат долго по завршувањето на проектот. 🌍✨

Новогодишно украсување во Оуд Лазар Лазаревски Велес  🎄🎄🎄
02/12/2025

Новогодишно украсување во Оуд Лазар Лазаревски Велес 🎄🎄🎄

Конституирана е Домската заедница при ОУД "Лазар Лазаревски" Велес.Претставниците на Домската заедници одржаа средба со ...
25/11/2025

Конституирана е Домската заедница при ОУД "Лазар Лазаревски" Велес.
Претставниците на Домската заедници одржаа средба со следниот дневен ред:
1.Разгледување и усвојување на програмата за работа на Домската заедница при ОУД "Лазар Лазаревски" – Велес за учебната 2025/2026 година
2.Избор на раководство на Домската заедница при ОУД “Лазар Лазаревски“ – Велес за учебната 2025/2026 година
3. Избор на членови во комисии
4. Тековни прашања

По првата точка од дневниот ред претставниците на Домската заедници беа запознати со програмата за работа, беа дадени и дополнителни предлози за идни активности во Домот и истата беше едногласно усвоена од присутните ученици.

По втората точка од дневниот ред, беше избрано раководството на Домската заедница и тоа:
Претседател на Домската заедница е избрана да биде ученичката Mia Eftimova , претставник од прва воспитна група, заменик претседател е ученичката Благица Накова од четврта воспитна група и записничар е ученичката Marija Boceva од трета воспитна група.

По третата точка од дневниот ред се избраа и членови на комисиите при Домската заедница и тоа: комисија за успех, комисија за културно забавен живот, дисциплинска комисија, еколошка комисија и комисија за спортско рекреативни активности.

ОУД ,,Лазар Лазаревски" Велес беше дел од четвртата конференција за мировно образование, во организација на Првата детск...
23/11/2025

ОУД ,,Лазар Лазаревски" Велес беше дел од четвртата конференција за мировно образование, во организација на Првата детска амбасада во светот МЕЃАШИ, на која свое активно учество зема воспитувач м-р Василка Ѓурчиновски.

Конференцијата, ги обедини практичарите, професионалците и активистите во заедничката мисија - градење култура на мир, ненасилство и позитивни општествени промени.

На Конференцијата свое обраќање имаа Министерката за образование и наука, проф. д-р Весна Јаневска и директорката на БРО, м-р Милка Тримчевска.

На оваа конференција се официјализираше Мрежата на мировни училишта низ Македонија. Овој клучен чекор беше заокружен со пленарна сесија и усвојување на заедничка Повелба/Декларација, која ќе стане водич за сите оние кои веруваат дека мирот не е само збор, туку глагол што се изговара преку дела и промени. Мирот не чека, тој се создава, и секој од нас е дел од тој процес.

По повод 9-ти Ноември, 81 година од ослободувањето на градот Велес од фашистичкиот окупатор, делегација од ОУД "Лазар Ла...
09/11/2025

По повод 9-ти Ноември, 81 година од ослободувањето на градот Велес од фашистичкиот окупатор, делегација од ОУД "Лазар Лазаревски" се поклонија и положија свежо цвеќе пред споменикот на паднатите борци за слобода во Спомен Костурницата!

Денес, на првиот ден од учебната 2025/2026 година, Министерката за образование и наука Проф.д-р Весна Јаневска, заедно с...
01/09/2025

Денес, на првиот ден од учебната 2025/2026 година, Министерката за образование и наука Проф.д-р Весна Јаневска, заедно со Државниот секретар во МОН г-ѓа Елена Ивановска и во придружба на Градоначалникот на Општина Велес г-дин Марко Колев, остварија работна посета на Ученичкиот дом во Велес.

Во фокусот на средбата беа условите за престој на учениците - нивното сместување, квалитетот на исхраната, безбедноста и целокупниот амбиент во кој учениците поминуваат значаен дел од своето образование надвор од својот дом.

Министерката и делегацијата остварија директна комуникација со Директорот на Домот, ученици и вработени, согледувајќи ги предизвиците, но и потенцијалот за подобрување на ученичкиот стандард и благосостојбата на младата личност.

28/08/2025

📢 ИЗВЕСТУВАЊЕ!!!

Вселувањето во ОУД ,,Лазар Лазаревски" - Велес започнува на 31.08.2025(недела) со почеток од 18.00 часот.

📚На сите ученици им посакуваме среќен и успешен почеток на новата учебна година.

Address

Ulica D-r. Hristo Tatarchev Br. 3
Veles
1400

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Оуд Лазар Лазаревски Велес posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Оуд Лазар Лазаревски Велес:

Shortcuts

Share

Category