05/06/2026
Секое дете поседува уникатни потенцијали - нашата цел е да создадеме услови тие да се развиваат и да го достигнат својот максимум.
За повеќе информации и закажување проценка, контактирајте не на 075/369-900.
#центарстарс
01/06/2026
Предучилишна подготовка – темел за успешно училишно функционирање
Преминот од предучилишна во училишна средина претставува значаен развоен период кој бара соодветна зрелост на когнитивните, јазичните, сензомоторните и социо-емоционалните способности на детето.
Предучилишната подготовка не се однесува само на усвојување на букви и броеви, туку на развој на вештините кои претставуваат предуслов за успешно учење и адаптација во училишната средина.
Во рамки на нашата програма се работи на:
🧠 Когнитивен развој и извршни функции
✔️ внимание и концентрација
✔️ работна меморија
✔️ когнитивна флексибилност
✔️ планирање и организација
✔️ саморегулација и контрола на импулсите
🗣️ Говорно-јазичен развој
✔️ збогатување на речникот
✔️ развој на фонолошка свесност
✔️ јазично разбирање и вербално изразување
✔️ разбирање и следење инструкции
✔️ предчитачки и предписмени вештини
✏️ Дефектолошка и едукативна поддршка
✔️ развој на визуоперцептивни способности
✔️ графомоторни вештини
✔️ логичко размислување и решавање проблеми
✔️ предматематички концепти
✔️ поттикнување на самостојност и работни навики
🧠 Неурофидбек поддршка
Преку тренинг на мозочната саморегулација се работи на оптимизација на вниманието, концентрацијата, емоционалната стабилност и когнитивната ефикасност, со цел детето полесно да ги совладува училишните барања и да го достигне својот целосен потенцијал.
Нашата цел е секое дете да започне настава со развиени способности за учење, комуникација, саморегулација и успешно функционирање во училишната средина.
Подготвено дете денес – сигурен и успешен ученик утре.
📞 За повеќе информации и закажување проценка, контактирајте не.
#центарстарс
24/05/2026
⭐️Успешно завршени логопедски третмани.⭐️
Центар СТАРС - Велес.🥰
#центарстарс
01/05/2026
Дали знаевте дека учењето не мора да биде мачно? 🧠✨
Честопати мислиме дека ако детето има потешкотии со материјалот, му требаат повеќе часови и дополнителни инструкции. Но, понекогаш проблемот не е во трудот, туку во начинот на кој мозокот ги процесира информациите.
Методот Томатис не е замена за учител; тој е „тренинг“ за увото и мозокот. Преку специфична стимулација со звук, ние му помагаме на детето:
✅ Да ја подобри концентрацијата
✅ Подобро да го разбира кажаното
✅ Да учи самостојно и со помалку стрес
Кога бариерите ќе исчезнат, успехот доаѓа природно и побрзо!
📩 Пишете ни во ДМ за консултации.