08/05/2026
Одбележувајќи го Денот на Европа – 9 Мај, нашето училиште организираше настан под мотото „И ние сме Европа“. Настанот се одржа во спортската сала, каде што учениците и наставниците активно учествуваа во различни активности.
Преку презентации и филм, учесниците имаа можност да ги споделат своите искуства како дел од Еразмус проектите, пренесувајќи ги знаењата, културните вредности и пријателствата стекнати со ученици од различни европски земји.
Настанот беше одлична можност да се истакне значењето на соработката, мобилноста и европските вредности, како и да се поттикнат нови генерации ученици да бидат дел од ваквите меѓународни искуства.