01/09/2026
Добредојде во нашето училиште на најважните, нашите првачиња!
Денес за вас, драги првачиња, започнува едно ново и прекрасно патување. За првпат ги поминувате училишните врати, ќе седнете во училишните клупи, ќе ги запознаете вашите наставници, ќе стекнете нови другарства.
Можеби денес има малку возбуда, можеби и по некоја солза, но верувајте, пред вас се години исполнети со знаење, дружење, игра, нови искуства и многу убави спомени.
Нашите наставници се подготвени не само да ги научат првачињата да читаат, пишуваат и да стекнуваат нови знаења, туку и да им помогнат да ги направат своите први чекори кон самостојноста, одговорноста, почитувањето и другарството.
Знаеме дека секое дете е различно, со свои потреби, интереси, способности и темпо на развој. Токму затоа ќе се трудиме секое дете да биде забележано, слушнато, охрабрено и поддржано.
Од денес нашето училиште е и ваш дом. Тука ќе ги направите првите чекори кон вашите идни соништа. Можеби денес сте мали, но пред вас се големи можности. Не плашете се да прашувате, да грешите, да се обидувате повторно и да сонувате големи соништа.
Во нашето училиште секој од вас е важен, секој има свој талент и секој заслужува поддршка и внимание.
Ви посакуваме во секој училишен ден да има по нешто ново што ќе научите, по нешто убаво што ќе доживеете и многу причини за насмевка.
Нека ви е среќен првиот училишен ден, првиот чекор кон големите соништа!
Добредојдовте во нашето училиште!
Ви посакувам среќна, успешна и безгрижна учебна година!