Ве покануваме да дојдете на нашата Новогодишна хуманитарна приредба. Приредбата ќе се одржи на 25.12.2025 година во спортската сала во ООУ "Гоце Делчев" - Василево, со почеток од 18:00 часот. Се гледаме.
ООУ "Гоце Делчев" - Василево
Promoting activities
Ве покануваме да дојдете на нашата Новогодишна хуманитарна приредба. Приредбата ќе се одржи на 25.12.2025 година во спортската сала во ООУ "Гоце Делчев" - Василево, со почеток од 18:00 часот. Картите се веќе во продажба. Се гледаме.
20/12/2025
✨На иницијатива на ученичкиот парламент, донацијата од наш поранешен наставник беше искористена за подготвување и дарување новогодишни подароци низ повеќе населени места!
Насмевката на детските лица е нашата најголема награда! Весели празници! ✨
17/12/2025
Во матичното училиште во Василево се организираше новогодишна работилница со учениците во II1 одделение во соработка со родителите. Одделенскиот наставник Сузана Илиева заедно со учениците и родителите изработија новогодишни изработки. Во топла и пријатна атмосфера, исполнети со насмевки и празничен дух учениците, родителите и наставничката создадоа незаборавни заеднички моменти.
16/12/2025
Подрачното училиште во село Дукатино организираше новогодишна работилница со учениците и нивните родители. Наставничките Ангела Стаменов и Верица Танчев, заедно со учениците и нивните родителите, сите заедно го украсуваа училиштето, создавајки празнична и топла атмосфера. Целта на спроведувањето на новогодишните активности е да се поттикне активна и конструктивна вклученост на родителите и учениците во воспитно образовниот процес. Преку заедничко учество во планирањето и реализацијата на презничните активности, се зајакнува партнерството помеѓу семејството и училиштето, се унапредува комуникацијата и заедничката одговорност во процесот на учење и воспитување. Се создава средина во која се подржува соработката, тимската работа и позитивната вредност кај учениците. Ваквиот модел на заедничко ангажирање придонесува за повисоко ниво на мотивација, чуство на припадност, активно учество во училишната заедница што претставува основа за успешен и целовит развој на детето.
Среќни Новогодишн и Божиќни празници !!!
03/12/2025
Најмалите се вклучија во Еко-акција ,,Дрвја на другарството”
27/11/2025
Учениците и наставниците од ООУ ,,Гоце Делчев” Василево продолжуваат со хортикултурно уредување на училишниот двор. Голема благодарност до Gardenium Flower Shop од Василево.
21/11/2025
Инспирирани од светскиот ден на толеранцијата, нашите ученици и наставници ја организираа еко-акцијата „Дрвја на другарството“ со која беа засадени листопадни и зимзелени дрвја за облагородување на училишните дворови во централното и сите подрачни училишта. Со низа воннаставни активности, на идните генерации им оставаме во наследство чувства на одговорност кон животната средина и осет за негување на пријателството како темел на здравото општество.
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Contact the school
Website
Address
Vasilevo
2400