28/04/2026
📢 Упис во прво одделение за учебната 2026/2027 година во
ООУ„Братство-Миѓени“ –Тетово. објект на Спортски центар.
🍀️Повелете идни првачиња!🍀
Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from ООУ "Братство Миѓени" - Тетово - Спортски центар, Elementary School, ООУ Братство Mиѓени Tетово/Дислоциран Објект Спортски Центар, Tetovo.
28/04/2026
📢 Упис во прво одделение за учебната 2026/2027 година во
ООУ„Братство-Миѓени“ –Тетово. објект на Спортски центар.
🍀️Повелете идни првачиња!🍀
25/04/2026
🎉 Со гордост објавуваме за успехот на нашата ученичка Јана Трифуноска! 🎉
Со посветеност и љубов кон математиката, таа освои III награда на Државниот натпревар по математика.✨️
Честитки за Јана и за нејзиниот наставникот ментор Марија Петровска Грозданоски за вложениот труд и поддршка. 👏
Продолжете да нижете успеси и во иднина ✨️
23/04/2026
✨️Гордост за училиштето – Неда Перинска со прва награда!
Библиотека „Кочо Рацин“ Тетово го одбележа Светскиот ден на книгата и авторските права, 23 Април со тема „Страници на книгата“.
По тој повод,НУ Библиотека "Кочо Рацин" Тетово ја одржа манифестацијата „Литературен конкурс за поезија“.
Нашата ученичка Неда Перинска, под менторство на наставничката Наташа Симјаноска, го освои првото место. Со нејзината песна ,,На страниците на книгата".
Честитки и за сите наши ученици кои учествуваа на натпреварот, сите сте наши победници.
Честитки за Неда и наставничката Наташа за големиот успех!
Училиштето се гордее со сите Вас ✨️
23/04/2026
Денес учениците од VI-4 одделение,заедно со класниот раководител Даниел Антоски наставник по македонски јазик, и нивни другарчиња од албанска настава од централниот објект на училиштето,го посетија Саемот на книга 📚.
Ова беше прекрасна можност да се запознаат со нови наслови, автори и магичниот свет на литературата.
Нивниот интерес, љубопитност и насмевки се најголем доказ дека љубовта кон книгата се гради од мали нозе.
Горди сме на ова искуство и со нетрпение очекуваме нови вакви едукативни моменти!
#СаемНаКнига #ЉубовКонКнигата
22/04/2026
🌍 Денот на планетата Земја во нашето училиште 🌱
Денес го одбележавме Денот на планетата Земја со низа активности исполнети со креативност и грижа за природата.🌿
Учениците активно учествуваа во уредување и чистење на училишниот двор, покажувајќи одговорност и љубов кон животната средина. 🌿
Покрај тоа, беа изработени и креативни трудови на тема „Земјата – наш дом“, преку кои учениците ја изразија својата свест за значењето на зачувување на природата и заштита на планетата. 🎨
Со вакви активности, заедно градиме навики за поздрава и почиста околина! 💚
#ДенНаПланетатаЗемја #ЕкоСвесност #НашДомНашатаПланета
20/04/2026
✨️ Во исчекување на конечните резултати од државниот натпревар по математика, со гордост ги објавуваме резултатите од регионалниот натпревар.
Честитки за сите ученици и нивните наставници-ментори за постигнатиот успех, вложениот труд и посветеноста. Ви посакуваме уште поголеми достигнувања и успех на претстојните предизвици!
16/04/2026
Денес во Скопје, во присуство на Шведскиот амбасадор, ученици од нашето училиште реализираа проект упатувајќи силна порака за почитување на различностите, меѓусебна толеранција и градење ненасилни и инклузивни заедници 🌍🤝
Оваа активност е дел од проектот „Зајакнување на младите во градење на ненасилни и инклузивни заедници“ проект имплементиран од Центар за заедничка основа (ЦЗО) и финансиран од Шведската Агенција за развој (СИДА) при Шведската Амбасада во Скопје.
Проектот има за цел да ја зголеми меѓуетничката кохезија и да спречи етнички тензии преку подигање на свеста за придобивките од мултикултурниот живот и да изгради инклузивни заедници преку трансформација на конфликти и мултикултура.
Учество зедоа ученици од повеќе основни училишта од државата од различни националности.
16/04/2026
На натпреварот по природни науки за учениците од четврто и петто одделение, нашето училиште постигна одлични резултати 🌿🔬
Им честитаме на сите ученици за успехот, а на наставницие ментори за вложениот труд.
На Михаил Коцевски и неговиот наставник ментор Татјана Дојчиноска им посакуваме многу успех на државниот натпревар 🍀
09/04/2026
✨️Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, наставничките од одделенска настава заедно со своите ученици реализираа низа креативни работилници. 🎨🐣
Преку игра, креативност и заедничка работа, учениците направија прекрасни велигденски украси, учејќи за значењето на празникот и негувајќи ја традицијата.
Училиштето денес беше исполнето со насмевки, радост и празничен дух. 💛
На сите им посакуваме среќни и благословени Велигденски празници! ✨
08/04/2026
Во нашето училиште,во објектот во с. Сараќино се реализираше едукативна презентација и интерактивна активност од страна на Македонското еколошко друштво (МЕД). 🌿
Во активноста беа вклучени учениците од прво до петто одделение, кои имаа можност да се запознаат со значењето на заштитата на природата, како и со балканскиот рис, ретко и критично загрозено животно, симбол на нашата дива природа. 🐾
Преку интересни предавања, интерактивни вежби и едукативни содржини, учениците активно учествуваа и стекнаа нови знаења за зачувување на природното богатство.
Голема благодарност до тимот на МЕД за посетата и за вложениот труд во едукацијата на нашите ученици. 💚
#Екологија #Едукација #БалканскиРис
02/04/2026
Градиме свет на разбирање и прифаќање💙
Денес го боиме светот во сино!
На овој 2 Април, се обединуваме за да ја подигнеме свеста, но уште поважно,да го поттикнеме прифаќањето на лицата со аутизам.
Денес во знак на овој ден активности реализираа наставниците:
Дијана Илиоска,Наташа Пандилоска,Андријана Р.Петкоски и Славчо Иваноски, заедно со образовните асистенти во училиштето.
💙 Различноста не нè дели, туку нè прави посебни и побогати како општество.
02/04/2026
🌿На ден 27.03.2026 се одржа регионален натпревар по биологија на кои учествуваа ученици од VII, VIII и IX одделение.
Во прилог се дадени сите ученици кои учествуваа и ученици кои се пласираа на државниот натпревар✨️
💚 Честитки до сите ученици за учеството,честитки и за наставникот менторот Катерина Цветкоска за посветеноста а на учениците кои се пласираа на државен натпревар им посакуваме многу успех!🍀