03/09/2026
🤖 Делегација на Меѓународниот Славјански Универзитет учествува на AI & Tech Summit 2026, кој се одржува на 3 и 4 септември на нашиот партнерски универзитет AAB College во Приштина, Косово. 🇽🇰
Делегацијата на МСУ ја предводи проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот одбор, придружуван од проф. д-р Мевлудин Мустафи, проф. д-р Марија Гроздановска, проректор за меѓународна соработка и разој и доц. д-р Мартин Ѓорѓиев, генерален секретар.
Самитот беше свечено отворен со обраќања на Албин Курти, премиер на Република Косово, и Хајрула Чеку, министер за образование, наука и технологија. Пред присутните се обрати и проф. д-р Блерим Олури, ректор на AAB College.
Во рамките на посетата, делегацијата на МСУ оствари средба и со проф. д-р Венера Љуњи, проректор за меѓународни односи на AAB College, на која беа разгледани можностите за понатамошно продлабочување на соработката меѓу двата универзитети. 🤝
Меѓу истакнатите говорници е и Рудолф Шарпинг, поранешен сојузен министер за одбрана на Германија, кој одржа предавање на тема „Вештачката интелигенција и геополитиката: можности и ризици“. 🇩🇪
Настанот обединува претставници од академската заедница, владините институции, индустријата и технолошкиот сектор, со фокус на вештачката интелигенција, дигиталната трансформација, сајбер-безбедноста и новите технологии. 🌐💡
🤝 Особено ни е драго што учествуваме на овој значаен меѓународен настан организиран од AAB College, наш ценет партнерски универзитет, и што продолжуваме да ја зајакнуваме меѓуинституционалната соработка преку нови можности за академска размена, иновации и заеднички иницијативи.