18/08/2026
🌍🏀 Успешно завршен eTwinning проект „Meeting Sports in Kindergarten“ ⚽
Меѓународниот Twinning проект е „Meeting Sports in Kindergarten“, во кој ЈОУДГ „Виножито“ – Струмица учествуваше како единствен партнер од Северна Македонија.
Воспитувачката Македонка Бојчовска, со возрасната група деца, учествуваше како партнер со учесниците од Турција 🇹🇷, Литванија 🇱🇹 и Романија 🇷🇴.
🎯 Целта на проектот беше децата на забавен, едукативен и интерактивен начин да се запознаат со различна спортска опрема, движење и значење на физичката активност и здравиот начин на живот.
🏀⚽ Значајни беа активностите „Спорт со татковците“ во спортската сала каде практично играа кошарка. Преку овие активности се поттикнуваа физичката активност, дружењето и позитивните односи меѓу децата и родителите.
🌍 Децата се запознаа и со спортови и традиционални танци од партнерските земји, а имаа можност да практикуваат и спортови како петанк.
🤝 Проектот придонесе и за професионалниот развој на воспитувачите, преку размена на идеи, искуства и добри практики со партнерите. Меѓународната соработка ја збогати работата со децата и ја поттикна културната свест и меѓусебното запознавање.
❤️ Севкупно, проектот придонесе за физичкиот, социјалниот, емоционалниот и когнитивниот развој на децата, поттикнувајќи здрави навики, активен начин на живот, љубов кон спортот и почитување на различностите.
🏆 Проектот успешно го завршивме заедно со сите четири партнерски земји – Северна Македонија, Турција, Литванија и Романија.
Со проектот добивме основа за нови идеи и понатамошни меѓународни соработки и проекти.
Заедно спортувавме, учевме, споделувавме и растевме! 🌍❤️