ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга - официјална страна

  • Home
  • Macedonia
  • Struga
  • ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга - официјална страна

ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга - официјална страна Општинско основно училиште

08/09/2026

🇲🇰 8 Септември – Денот на независноста на Македонија!

Со гордост, љубов и почит кон нашата татковина,
ви го честитаме празникот на независноста.

Нека ни е вечна Македонија! 🇲🇰

04/09/2026

Нашиот ученик Марко Милески е дел од тимот кој преку учество на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2026), што ќе се одржи во декември 2026 во Софија, Бугарија, ќе ја претставува Македонија.

На учениците им упатуваме честитки за остварениот успех!

🎉 Денес беше посебно свечен ден за нашите првачиња кои го направија својот прв чекор во училишниот живот.По повод нивнио...
01/09/2026

🎉 Денес беше посебно свечен ден за нашите првачиња кои го направија својот прв чекор во училишниот живот.

По повод нивниот прв училишен ден, директорката на училиштето, Тања Лазороска, им посака искрено добредојде и им упати порака исполнета со охрабрување и поддршка.

„Добредојдовте во нашето училиште! Денес започнува едно прекрасно и важно патување – вашето прво училишно патување“, порача директорката, посакувајќи им секој училишен ден да им биде исполнет со радост, дружење, нови знаења и убави моменти.

Во своето обраќање таа ги охрабри првачињата да бидат љубопитни, храбри и насмеани, да поставуваат прашања и секогаш да веруваат во себе. Им посака новата учебна година да биде почеток на многу успеси, нови пријателства и незаборавни спомени.

Денес беше особено убав ден за најмладите ученици, нивните родители и наставниците, со кој започнува едно ново и важно поглавје во нивното образование.

29/08/2026

Почитувани родители,

Уште една убава донација за нашето училиште!

Изразуваме голема благодарност до ,,Костал” за донацијата од 5 лаптопи, за нашето училиште, со што стануваме се поопремени и поспремни за реализација на наставниот процес!

Благодарност и до Богослав Јанчески за соработката и воспоставениот контакт за донацијата!

Посакуваме успешна и плодна учебна година!

Подготвени за нови предизвици!
28/08/2026

Подготвени за нови предизвици!

08/07/2026

🌟 Уште еден голем успех за нашето училиште!

Вчера, на Природно-математичкиот факултет во Скопје, се одржа Првиот селекционен натпревар по природни науки за избор на македонскиот тим што ќе ја претставува нашата држава на 23. Меѓународна јуниорска олимпијада по природни науки (IJSO 2026), која во декември ќе се одржи во Софија, Бугарија.

На овој престижен натпревар учествуваа најдобрите ученици од државните натпревари по биологија, физика и хемија од седмо, осмо и деветто одделение.

🏫 Нашето училиште го претставуваа учениците од деветто одделение Михаела Милеска, Марко Милески и Матеј Настоски, кои со своето знаење, логичко размислување и истрајност успешно ги решија теоретските и нумеричките задачи од областа на природните науки.

🏆Најголема радост е што сите тројца обезбедија пласман на Вториот селекционен натпревар, со што направија уште еден чекор поблиску кон остварување на својот сон – да бидат дел од македонската репрезентација на Меѓународната јуниорска олимпијада по природни науки.

Овој извонреден успех е плод на нивната посветеност, љубов кон науката и истрајна работа, како и на несебичната поддршка и стручната подготовка од нивните ментори Христина Пејоска-Тренески, Елена Лотеска, Снежана Јаулеска, Климентина Нацева-Дамјаноска и Антонио Ќосески, на кои им упатуваме искрени честитки и благодарност.

👏 Од срце им честитаме на нашите ученици и на нивните ментори за овој значаен успех. Им посакуваме многу успех во вториот селекционен натпревар и веруваме дека со истата посветеност ќе продолжат достојно да го претставуваат нашето училиште и нашата држава.

Горди на успехот на нашиот ученик и Првенец на генерацијата, Марко Милески! 🎓Денес Марко беше награден и од градоначални...
29/06/2026

Горди на успехот на нашиот ученик и Првенец на генерацијата, Марко Милески! 🎓

Денес Марко беше награден и од градоначалникот за неговите извонредни постигнувања, во присуство на неговиот одделенски раководител и директорката на училиштето.

Честитки, Марко! Твојот труд, знаење и посветеност се вистинска инспирација за сите нас. 👏

Ти посакуваме уште поголеми достигнувања во иднина!

Ученичката Теона Столевска од ПУ„ Јонче Крежески“ Мислешево учествува на франкофонскиот камп по освоената награда на  Др...
26/06/2026

Ученичката Теона Столевска од ПУ„ Јонче Крежески“ Мислешево учествува на франкофонскиот камп по освоената награда на Државниот натпревар по француски јазик за 6 одделение! 🇫🇷

24/06/2026

Во рамки на Еразмус+ проектот “Корени кои се протегаат до ѕвездите на Европа со своите гранки“ , наставниците кои учествуваа во мобилноста во Даламан, Турција, ги споделија стекнатите знаења, искуства и придобивки од мобилноста пред наставниот кадар во училиштето.
Преку презентации и дискусии беше истакнато значењето на вредностите на ЕУ во образованието.
Дисеминацијата придонесе за размена на идеи, поттикнување на иновативен пристап и зајакнување на наставните компетенции за современа и квалитетна настава.

12/06/2026

✨️Со насмевки, младешка енергија и многу убави моменти, полуматурантите гордо продефилираа низ улиците, означувајќи го крајот на едно прекрасно поглавје од нивното основно образование.

Им посакуваме среќа, успех и многу нови достигнувања на патот што е пред нив. Нека оваа вечер остане засекогаш во нивните сеќавања! 🎓✨

#Полуматура2026 #Генерација2025/26 #ГордиНаНашитеУченици

Address

Ulica Razme Maleski Bb
Struga
6330

Opening Hours

Monday 07:00 - 18:00
Tuesday 07:00 - 18:00
Wednesday 07:00 - 18:00
Thursday 07:00 - 18:00
Friday 07:00 - 18:00

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Јосип Броз Тито“ - Струга - официјална страна posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share