ООУ „Тошо Арсов“ - ШТИП

ООУ „Тошо Арсов“ - ШТИП 📚Учиме, растеме и се дружиме заедно!
📝Сите новости, настани и успеси од нашето училиште на едно место.

🎓 Наши полуматуранти 🎓Вашето училиште ве испраќа како генерација што со труд и искреност остави свој белег.Ова е спомен ...
11/06/2026

🎓 Наши полуматуранти 🎓

Вашето училиште ве испраќа како генерација што со труд и искреност остави свој белег.

Ова е спомен за едно важно поглавје од образованието што се затвора, а пред вас се отвораат нови патишта и успеси. 🌟

Бидете истрајни, храбри и верувајте во себе. 🚀

Ви посакуваме сè најдобро во понатамошното образование!

10/06/2026
Денес во нашето училиште се одржа завршниот форум во рамките на регионалниот проект „Училишна климатска акција 2.0“, имп...
05/06/2026

Денес во нашето училиште се одржа завршниот форум во рамките на регионалниот проект „Училишна климатска акција 2.0“, имплементиран од Национален младински совет на Македонија со поддршка на Фондација Отворено општество – Западен Балкан.

Учесниците активно дискутираа и презентираа иновативни и практично применливи решенија насочени кон подобрување на состојбата во училиштето и создавање поодржлива, позелена и поквалитетна училишна средина.

Нашиот првенец на генерацијата, Хана Џорлева, денес на Свечена промоција се здоби со награда – вредносен ваучер, доделен...
05/06/2026

Нашиот првенец на генерацијата,
Хана Џорлева, денес на Свечена промоција се здоби со награда – вредносен ваучер, доделен од градоначалникот на Општина Штип , г-дин Иван Јорданов.

Од срце ѝ честитаме за овој заслужен успех и ѝ посакуваме нови достигнувања и успеси на секој нареден чекор од нејзиниот животен и образовен пат. 👏👏

Училишна библиотека📚со задоволство ги награди учениците 👭 👬Александар Симонов од V-2 одделение ✨📝Марија Стодоќ од V-3 од...
05/06/2026

Училишна библиотека📚со задоволство ги награди учениците 👭 👬
Александар Симонов од V-2 одделение ✨📝
Марија Стодоќ од V-3 одделение ✨📝
Лина Тушевска од IX -1одделение✨📝
Учениците беа активно вклучени во училишната библиотека📚и посветени во редовноста на читањето. Им честитаме и им благодариме за соработката,и понатаму да продолжат со љубовта кон читањето и другарување со книгите.📚✨

Во рамки на проектот „Зелена генерација: Училишна климатска акција 2.0“  во нашето училиште беше организиран интерен нат...
04/06/2026

Во рамки на проектот „Зелена генерација: Училишна климатска акција 2.0“ во нашето училиште беше организиран интерен натпревар за зелени идеи, имплементиран од НМСМ, со активното учество на ученици за подобрување на состојбата во училиштето и создавање поодржлива училишна средина.

Честитки за наградените тимови , кои преку своите идеи покажаа дека младите можат да бидат двигатели на позитивни промени и активни климатски амбасадори во својата заедница. 🌍
#НационаленМладинскиСоветНаМакедонија #ЗелениИдеи #КлиматскиАмбасадори #ОдржливаИднина

Денес учениците од II одделение од ПУ во населба Македонка оддржаа заеднички видео час со ученици од Грција, Србија, Пор...
04/06/2026

Денес учениците од II одделение од ПУ во населба Македонка оддржаа заеднички видео час со ученици од Грција, Србија, Португалија, Шпанија и Италија, како завршна активност од овогодинешниот еТвининг проект The Cat and the Seagull.

„Успехот е збир на мали напори, повторувани од ден на ден.“— Robert CollierСо искрени честитки ги споделуваме резултатит...
02/06/2026

„Успехот е збир на мали напори, повторувани од ден на ден.“
— Robert Collier

Со искрени честитки ги споделуваме резултатите од Државниот натпревар по биологија. 🌿🔬

Горди сме што трудот, љубопитноста и посветеноста на нашите ученици беа препознаени и наградени. 👏

🏆 Дијана Митева — I награда
🏆 Михаил Трајановски — II награда
🏆 Лука Владиков — III награда
🏆 Јована Панева — III награда

Ментор: Наташа Денкова

На ден 28.05.2026 година учениците од VI-1, VII-1, VIII-2 и VIII-3 одделение, во придружба на одделенските раководители ...
28/05/2026

На ден 28.05.2026 година учениците од VI-1, VII-1, VIII-2 и VIII-3 одделение, во придружба на одделенските раководители Наташа Ефтимова, Наташа Денкова, Марија Денков и Зорица Манева, присуствуваа на настан кој се одржа на Градскиот стадион во Штип, организиран од Армијата.

Во рамки на настанот беше реализирана презентација на воена опрема, возила и способности на единиците, при што учениците имаа можност да ја разгледаат изложената опрема и возила, како и да присуствуваат на показни вежби.

Со особено задоволство и чувство на гордост ја споделуваме веста дека за првенец на генерацијата 2017–2026 во ООУ „Тошо ...
27/05/2026

Со особено задоволство и чувство на гордост ја споделуваме веста дека за првенец на генерацијата 2017–2026 во ООУ „Тошо Арсов“ – Штип е избрана ученичката Хана Џорлева од IX-1 одделение. 🌟

👩🏻‍🎓Со својата посветеност, одговорност, одличен успех и примерно однесување, Хана се истакна како ученик кој остава траен белег меѓу наставниците и соучениците.

📚Ова признание е резултат на долгогодишен труд, дисциплина и постојана желба за напредок. Воедно, тоа е и потврда дека секоја генерација носи талентирани, вредни и успешни ученици кои го градат вистинскиот дух на училиштето. Горди сме на сите ученици од генерацијата 2017–2026 за нивното другарство, заедништво и убавите спомени што ги оставија зад себе. ❤️

На Хана ѝ посакуваме многу среќа, здравје и многу успеси во иднина. Нека ова признание биде само почеток на еден успешен и исполнет животен пат. ✨

Честитки Хана! 👏🎓

ООУ „Тошо Арсов“ – Штип им посакува среќен и успешен понатамошен пат на сите ученици од оваа генерација.

Address

Булевар „ЈНА“ Бр. 26-А
Stip
2000

Website

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ООУ „Тошо Арсов“ - ШТИП posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share