Едукативен центар Читкушеви нуди разни дејности од областа на едукација на основци, средношколци и студенти, како и едукација на возрасни, од областа на математиката, физиката и информатиката. Новитет од оваа година е згрижувањето на деца. Од искуството при работа со ученици се јави потребата од стручна помош при пишувањето на домашните задачи, како и при изработката на проектите за воншколските активности за основците и средношколците.
За првпат во нашиот град, едукативен центар Читкушеви нуди ДНЕВЕН ПРЕСТОЈ НА ДЕЦА од 5-12 години непосредно пред и по редовната училишна настава. Во рамки на дневниот престој учениците ќе учат и ќе ги работат домашните задачи по сите наставни предмети. На тој начин, времето додека децата ги чекаат своите родители од работа, ќе го поминат на креативен, ефикасен и едукативен начин, завршувајќи ги своите училишни обврски.
Доколку сте родител кој сака неговото дете да биде згрижено во часовите додека вие сте на работа и притоа да ги заврши училишните обврски одговорно и креативно, време е да размислите како најдобро тоа да се постигне. Инвестирајте во вашето дете и овозможете му креативно да се развива додека слободното време го поминува низ мотивациони работилници и едукативни игри на забавен начин. Едукативен центар Читкушеви ви нуди помош и во изработката на домашните задачи и училишните проекти, но и во додатната и дополнителна настава по сите предмети.
Освен ова, нудиме различни услуги од образовен и едукативен карактер:
• Индивидуални и групни часови/курсеви по предметите МАТЕМАТИКА, ФИЗИКА и ИНФОРМАТИКА за основно и средно образование. Наставата за групните часови се одвива неограничено, по потреба на учениците. На часовите се работат наставните единици по предметите пред тие да се изучат на училиште, со што му се овозможува на ученикот да биде посигурен и активен при обработката на тие наставни единици на редовните училишни часови. Притоа, континуирано се дава повратна информација на родителите, во вид на директна комуникација, маил или СМС-пораки, со опис на сработеното и степенот на усвоеност на материјалот кој се обработува, од страна на ученикот. Исто така, едукативен центар Читкушеви организира и неограничен број на дополнителни часови кои се одржуваат по потреба, во зависност од секојдневните и други воншколски активности на децата.
• Часови за надарени ученици кои сакаат и можат да научат многу повеќе од основниот материјал по МАТЕМАТИКА што се работи во училиште.
• Интензивна подготовка за успешно полагање на ЕКСТЕРНИТЕ ТЕСТИРАЊА и МАТУРА по предметите МАТЕМАТИКА, ФИЗИКА и ИНФОРМАТИКА.
• Индивидуални часови по математичките предмети на сите технички факултети и економскиот факултет кои се организираат на барање на студентите за спремање на испити и колоквиуми.
Активностите се прилагодени на индивидуалните потреби на детето, се со цел да му се овозможи квалитетно образование на ученикот и помош на родителот, надополнувајќи ја неговата улога во образовниот и воспитниот процес на детето. Нашата цел е нашите ученици да постигнат солидно образование, но и да им помогнеме да развијат љубов кон учењето како животен процес кој не престанува со напуштањето на училишните клупи. Особено сме мотивирани да го постигнеме овој значаен момент со помладите, влијаејќи им при формирањето на позитивни навики за квалитетен живот, како и подобрување на успехот во училиште и нивно згрижување во нашиот центар и развивање на креативно размислување и разни вештини.
Месечна членарина:
• Математика за средношколци: 900 денари;
• Математика за основци: 750 денари;
• Физика: 700 денари;
• Часови во група: 150 денари;
• Индивидуални часови: 250 денари;