09/06/2026
🇪🇺 ЕУ СО ШТИП – Отворен дијалог за европската иднина на младите.
☝️На 10 јуни 2026 година, Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип ќе биде домаќин на значаен настан – дискусија со Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија, Михалис Рокас.
📍 Свечена сала, Правен факултет – УГД
🕝 14:30 часот
🌐Настанот претставува одлична можност за студентите, младите и академската заедница директно да разговараат за европските перспективи, можностите што ги нуди Европската Унија, образованието, младинските политики и предизвиците со кои се соочува новата генерација.
📢Ги покануваме сите заинтересирани да бидат дел од оваа отворена дискусија и заеднички да придонесеме кон градење на европска иднина заснована на знаење, дијалог и соработка.
#ЕУСоШтип