Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип

  • Home
  • Macedonia
  • Stip
  • Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип

Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип Официјална страна на Факултетот за природни и технички науки

30/07/2026

Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип го објави конкурсот за упис на студенти на единиците на Универзитетот во студиската 2026/2027 година во прва година на прв циклус ....

20/07/2026

📣УГД го објави конкурсот за упис на нови студенти – идните студенти веќе можат да се пријават електронски‼️

📚Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира на 19, 20 и 21 август, а системот за електронско пријавувње веќе е отворен каде идните студенти ќе можат електронски да ги поднесат своите пријави за запишување.

☝️Според конкурсот, годинава на Универзитетот се предвидени 3.341 слободно место, од кои 1.629 се во државна квота, 972 места се за студенти со кофинансирање, а 735 места се за вонредни студенти.

✅Во првиот уписен рок роковите се следните:

● Пријавување на кандидатите: 19, 20 и 21 август
● Објавување прелиминарни резултати: 26 август
● Приговори: 27 август
● Објавување конечни решенија за прием: 31 август
● Запишување на примените кандидати: 1, 2 и 3 септември.

Според конкурсот, бројот на вкупно слободни места по факултети е:

● Правен факултет – 240
● Економски факултет – 270
● Факултет за образовни науки – 105
● Филмска академија – 45
● Музичка академија – 111
● Ликовна академија – 15
● Факултет за информатика – 470
● Земјоделски факултет – 170
● Факултет за природни и технички науки – 200
● Машински факултет – 60
● Факултет за медицински науки – 720
● Филолошки факултет – 310
● Факултет за туризам и бизнис логистика – 460
● Електротехнички факултет – 80
● Технолошко-технички факултет – 85.

📥Електронско пријавување:

📨Пријавувањето веќе може да се врши онлајн преку системот https://eupisi.ugd.edu.mk, каде кандидатите ја пополнуваат електронската пријава, ги внесуваат податоците од средното образование и ги плаќаат трошоците за пријавување. По поднесувањето на електронската апликација, документите треба да се достават до соодветниот студиски центар (Штип, Скопје, Струмица, Кавадарци или Гевгелија), согласно термините објавени на веб-страницата на Универзитетот. Примените кандидати потоа се запишуваат електронски преку истиот систем.

✅Најдобрите кандидати се ослободени од партиципација. Универзитетот и годинава предвидува ослободување од плаќање партиципација за најуспешните кандидати кои ќе се запишат во првиот уписен рок, како редовни студенти во државна квота и со најмалку 80 поени.

☝️Ослободување ќе добијат:

● Факултет за медицински науки – 20 студенти (10 Општа медицина, 5 Фармација и 5 Дентална медицина);
● Факултет за информатика – 10 студенти;
● Земјоделски факултет – 10 студенти;
● Факултет за природни и технички науки – 10 студенти;
● Економски факултет – 10 студенти;
● Правен факултет – 10 студенти;
● Факултет за туризам и бизнис логистика – 10 студенти;
● Електротехнички факултет – 5 студенти;
● Машински факултет – 5 студенти;
● Технолошко-технички факултет – 5 студенти;
● Факултет за образовни науки – 5 студенти;
● Музичка академија – 5 студенти;
● Ликовна академија – 2 студенти;
● Филмска академија – 2 студенти.
Дополнително, на Филолошкиот факултет сите студенти запишани на студиската програма Македонски јазик и книжевност се ослободуваат од партиципација, додека за останатите јазични насоки ослободување добиваат најдобрите рангирани кандидати според конкурсот.

🖇️Целосниот конкурс, сите услови за запишување, потребната документација, критериумите за рангирање и информациите за студиските програми се достапни на веб-страницата на Универзитетот https://www.ugd.edu.mk/upisi/prv-ciklus-studii/ .

Студентите на ФПТН активно се вклучуваат во активности за заштита и одржливо управување со водите!Студентите од трета го...
16/07/2026

Студентите на ФПТН активно се вклучуваат во активности за заштита и одржливо управување со водите!

Студентите од трета година на студиската програма Инженерство за заштита на животна средина, Јасмин Стаменковски и Симона Петреска, учествуваа на обука за хидро-морфолошки индикатори и проценка на квалитетот на водите, која се одржа на 7 и 8 јули во Маврово, во рамки на Програмата за води.

🎓 Обуката опфати теоретски и практични теренски активности, каде студентите се запознаа со основните принципи на хидроморфологијата, речните процеси, транспортот на седимент и хидроморфолошките индикатори за проценка на состојбата на водните тела. Посебен акцент беше ставен на методологијата за теренски истражувања, изборот на репрезентативни речни делници и примената на соодветни алатки и опрема.

🌊 Стекнувањето практични знаења и искуства надвор од наставниот процес претставува значаен придонес во професионалниот развој на нашите студенти и нивната подготовка за активно учество во заштитата и одржливото управување со животната средина.

26/06/2026
19/06/2026

📢 Повик за учество на дводневна онлајн работилница за научно пишување и рецензија

MDPI во соработка со Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, организира бесплатна онлајн работилница наменета за студенти, докторанди и млади истражувачи.
📅 Датум: 23. jun 2026, 18-20h и
24. jun 2026, 18-20h
💻 Платформа: Microsoft Teams
Теми:
✅ Научно пишување и подготовка на трудови
✅ Open Science и Open Access
✅ Управување со референци
✅ Процес на рецензија
✅ Етика во научното публикување
✅ Вештачка интелигенција во научното издаваштво
🔗 Пријавување: https://forms.office.com/Pages/ResponsePage.aspx?id=lHrnRHLwj06CGvwtwCzGXXHzBEmfGCFPmT-KXiAPv4FUMFFBU1dQM0JCRjVBVlVCQUFXM0E2NEkxTy4u

Како изгледал Штип пред повеќе од 50 години? Проф. д-р Ванчо Аџиски, преку декласифицирана сателитска снимка од 1973 год...
17/06/2026

Како изгледал Штип пред повеќе од 50 години? Проф. д-р Ванчо Аџиски, преку декласифицирана сателитска снимка од 1973 година, ни го прикажува просторниот развој на градот до денес.

Како изгледал Штип пред повеќе од половина век? Благодарение на декласифицираните сателитски снимки, денес можеме да направиме ретка споредба помеѓу изгледот на г...

16/06/2026

📢НАТПРЕВАР ЗА СРЕДНОШКОЛЦИ И СТУДЕНТИ – ФОТОГРАФИИ, ЛИКОВНИ ДЕЛА И ПОСТЕРИ НА ТЕМА „ГРАДОТ КАКОВ ШТО Е – ГРАДОТ КАКОВ ШТО БИ МОЖЕЛ ДА БИДЕ

🗣️Во склоп на проектот GREENSTRARS, Универзитетот „Гоце Делчев“ распишува Јавен повик за учество на креативен натпревар за средношколци и студенти на тема:

„Градот каков што е – Градот каков што би можел да биде“

☝️Целта на натпреварот е да се поттикнат младинската креативност, критичкото размислување и активното согледување на предизвиците и можностите за развој на современиот град. Преку своите дела, учесниците ќе можат да ја претстават сопствената визија за урбаниот развој, јавниот простор, животната средина, културата и иднината на градот.

✅Право на учество имаат сите средношколци и студенти, а може да се пријават во една или повеќе од следните категории:

•Фотографија
•Ликовно дело
•Постер

👉Секој учесник учествува индивидуално и може да поднесе најмногу 4 оригинални и авторски труда.

🙌Шесте најдобри трудови ќе добијат награди, при што ќе се оценуваат одделно трудовите на средношколците и студентите во категории:

•Најдобра фотографија
•Најдобро уметничко дело
•Најдобар постер.

🚨Краен рок за поднесување на трудови: 1.9.2026 година.

🎖️Сите добиени трудови ќе бидат изложени на 25 септември 2026 година во склоп на настанот „Европска ноќ на истражувачи“, а на настанот ќе бидат прогласени и победниците од двете категории: средношколци и студенти.

📥Целиот jавен повик е достапен наhttps://www.ugd.edu.mk/wp-content/uploads/2026/06/javen-povik-konkurs.pdf

🌍 Светски ден на животната средина – 5 ЈуниФакултетот за природни и технички науки образува генерации инженери кои не са...
05/06/2026

🌍 Светски ден на животната средина – 5 Јуни

Факултетот за природни и технички науки образува генерации инженери кои не само што ги разбираат природните процеси, туку и активно работат на создавање решенија за нивна заштита и одржливо управување.

💚 Иднината е инженерско решение, природата е наша инспирација.

#ФПТН #5Јуни #ИнженерствоЗаИднината #заштитанаживотнатасредина

03/06/2026

Address

Goce Delcev 89
Stip
2000

Opening Hours

Monday 08:00 - 16:00
Tuesday 08:00 - 16:00
Wednesday 08:00 - 16:00
Thursday 08:00 - 16:00
Friday 08:00 - 16:00

Telephone

+38932550550

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Факултет за природни и технички науки, Универзитет „Гоце Делчев“ Штип:

Share