Земјоделски факултет - Универзитет „Гоце Делчев” Штип

  • Home
  • Macedonia
  • Stip
  • Земјоделски факултет - Универзитет „Гоце Делчев” Штип

Земјоделски факултет - Универзитет „Гоце Делчев” Штип Факултет и универзитет

11/08/2026
07/08/2026

15 Факултети, 70 студиски програмиИзбери мудро, делувај храброДознај повеќе„Наш врвен приоритет е квалитетно и применливо знаење“Обраќање на ректоротПовеќе19 годи...

05/08/2026

УПИСИ 2026/27 г
https://www.ugd.edu.mk/upisi/prv-ciklus-studii/

Повеќе за студиските програми на Земјоделски факултет и причина плус зошто да бидете дел од академското семејство Земјоделски факултет, слушнете во разговорот со Доц. д-р Билјана Атанасова и тековна студентка во трета година Сара Здравеска

Пријавете се електронски на https://eupisi.ugd.edu.mk/

05/08/2026

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип го објави Конкурсот за запишување студенти на прв циклус студии за академската 2026/2027 година. Првиот уписен рок ќе се реализира ...

Земјоделскиот факултет во рамките на својата наставна дејност, изведувана во матичниот наставен центар во Штип, како и н...
29/07/2026

Земјоделскиот факултет во рамките на својата наставна дејност, изведувана во матичниот наставен центар во Штип, како и на дисперзираните студии во Кавадарци и Струмица, е посветен на високообразовна и научноистражувачка дејност во областа на фитомедицината, полјоделството, биотехнологијата, безбедноста на храната, селекцијата и генетиката, градинарството, како и лозарството и винарството.

Со својата мултидисциплинарност Земјоделскиот факултет е отворен за сите заинтересирани студенти, кои сакаат да се пронајдат во некоја од студиските програми на прв циклус студии или, пак, да се усовршат во некоја од студиските програми на втор односно трет циклус студии.

Модерниот начин на студирање со примена на современи педагошки методи, комплетната достапност до информации, достапноста на наставничкиот кадар, се дополнителни причини да зачекорите кон академската средина на Земјоделски факултет.

Студирањето на Земјоделскиот факултет ќе ви овозможи стекнување на многу теоретско, практично и лабораториско знаење и искуство, проследени со одлична меѓусебна дружба и нови пријателства.

Институција во која имате отворени можности и исклучително амбициозна средина, која секогаш е одличен избор!

Бидете дел од семејството на Земјоделски факултет при Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип!

УПИСИ 2026/27 https://www.ugd.edu.mk/upisi/

УПИСИ 2026/27 Г. https://www.ugd.edu.mk/upisi/prv-ciklus-studii/ ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ Право на запишување на прв циклус уни...
29/07/2026

УПИСИ 2026/27 Г.
https://www.ugd.edu.mk/upisi/prv-ciklus-studii/ ПРВ ЦИКЛУС СТУДИИ

Право на запишување на прв циклус универзитетски и стручни студии имаат кандидати со завршено четиригодишно средно образование, и тоа:

кандидати завршени во учебната 2025/2026 со државна матура, државна стручна матура, државна уметничка матура
кандидати завршени по учебната 2020/2021 со државна матура,
кандидати завршени во учебната 2019/2020 без државна матура,
кандидати со завршена државна матура пред учебната 2019/2020,
кандидати со завршено образование пред учебната 2007/2008 година и не полагале државна матура, како и
кандидати со завршено четиригодишно средно образование (со завршена меѓународна матура).

Пријавувањето на кандидатите за запишување на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип во онлајн апликацијата https://eupisi.ugd.edu.mк

Повеќе информации за студиските програми на Земјоделски факултет ќе најдете на следниот линк
https://zf.ugd.edu.mk/studiski-programi/dodiplomski-studii-prv-ciklus/

Пријавете се и бидете дел од Земјоделски факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ Штип

За сите дополнителни информации контакт е-маил: [email protected]

Работилница во рамки на COST акцијата FLAVOURSomeВо периодот од 14 до 15 јули 2026 година на Земјоделскиот факултет се о...
28/07/2026

Работилница во рамки на COST акцијата FLAVOURSome

Во периодот од 14 до 15 јули 2026 година на Земјоделскиот факултет се одржа петтата работилница во рамките на COST акцијата FLAVOURSome со наслов „Сензорна евалуација и аналитичка карактеризација на ароматични компоненти во храна и пијалаци“. На настанот учествуваа истражувачи од цела Европа за да ги прошират знаењата, да ги засилат соработките и да ги разменат најновите достигнувања во сензорната наука и аналитиката на ароми во храна и пијалаци од растително потекло. Работилницата беше отворена од проф. д-р Виолета Иванова Петропулос, организатор на настанот, а свое обраќање имаш и деканката на Земјоделскиот факултет, проф. д-р Емилија Арсов. На големо задоволство на организаторите и на сите учесници, на отворањето на работилницата се обрати проф. д-р Зоран Поповски, потпретседател на COST, кој го истакна значењето на COST акциите во поттикнувањето на меѓународната научна соработка и поддршката на истражувачите во сите фази од нивната кариера, упатувајќи силна порака за понатамошно поуспешно вмрежување и учество во акциите.

Во текот на двата дена, учесниците следеа предавања од водечки експерти кои опфатија теми за сензорно профилирање, перцепција на ароми, анализа на дефекти во аромите, наука за рецептори, аналитика на ароми поддржана од вештачката интелигенција и напредните хроматографски сепарациони техники. Научната програма беше надополнета со практични обуки, лабораториски демонстрации, активности на панелисти и мастерклас за сензорна евалуација на вино и спарување со храна, нудејќи им на учесниците практично искуство покрај теоретското знаење.

Учесниците имаа можност да ги посетат истражувачките капацитети на Универзитетот „Гоце Делчев“, да се запознаат со научните и практичните активности во спроведувањето на анализи на примероци од различна природа и да искусат регионални прехранбени производи и македонски вина.

Еден од конкретните резултати од работилницата е договорот постигнат со поканетите предавачи да ги објават презентираните резултати во форма на цели научни трудови или кратки соопштенија во научното списание на Земјоделскиот факултет, Journal of Agriculture and Plant Sciences (https://js.ugd.edu.mk/index.php/YFA). Оваа иницијатива ќе го прошири значењето и влијанието на работилницата и по завршувањето на настанот со што научните дискусии и резултати ќе бидат достапни за пошироката научна заедница.

Видео галерија:
https://www.youtube.com/watch?v=qOKXp5TOsBo&time_continue=0&source_ve_path=MjM4NTE&embeds_referring_euri=https%3A%2F%2Fflavoursome.eu%2F&embeds_referring_origin=https%3A%2F%2Fflavoursome.eu

Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2026 година Се информираат студентите од сите три циклуси на студии ...
24/07/2026

Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2026 година

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Септемвриска двојна сесија:

Пријавување на испити во Септемвриска двојна сесија 2026 ќе се реализира во периoдот од 01.08.2026 (00:00 часот), до (заклучно со) 14.08.2026 (23:59 часот)

Полагање на испити во Септемвриска прва сесија 2026: Од 18.08.2026 до (заклучно со) 07.09.2026

Полагање на испити во Септемвриска втора сесија 2026: Од 09.09.2026 до (заклучно со) 28.09

👇Повеќе информации

Се информираат студентите од сите три циклуси на студии за предвидените термини за реализација на испити во Септемвриска двојна сесија: Пријавување на испити во С....

Соопштение за упис на непарен семестар во учебна 2026/2027 годинаСе информираат студентите од прв,  втор и трет циклус н...
24/07/2026

Соопштение за упис на непарен семестар во учебна 2026/2027 година

Се информираат студентите од прв, втор и трет циклус на студии дека уписот на непарен семестар во учебна 2026/2027 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во периодот од 10.07.2026 до 25.09.2026 година.

👇Повеќе информации

Се информираат студентите од прв, втор и трет циклус на студии дека уписот на непарен семестар во учебна 2026/2027 година ќе се реализира електронски (преку е-индекс), во...

Address

„Гоце Делчев“ бр. 89, Кампус 2, УГД
Stip
2000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Земјоделски факултет - Универзитет „Гоце Делчев” Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category