ДСУРЦ„Искра“ Штип

ДСУРЦ„Искра“ Штип Државно средно училиште со ресурсен центар „Искра“

ДСУРЦ "ИСКРА" Штип  беше вклучено во проектот „ Воспоставување на национален систем за превенција од употреба на дроги в...
01/07/2026

ДСУРЦ "ИСКРА" Штип беше вклучено во проектот „ Воспоставување на национален систем за превенција од употреба на дроги во училиштата“, подржан од Евроспка унија, програма Европски инструмент за демократија и човекови права ( EIDHR).

Претставници од нашето училиште учествуваа на тридневна обука „Јакнење на капацитетите на стручните лица за превенција од употреба на дроги во училиштата“.

Целта на обуките е да се зајакнат капацитетите за спроведување и унапредување на превентивни активности во училиштето, во согласност со современите научни сознанија и меѓународните стандарди за превенција.

Последните часови по Македонски јазик и литература со учениците од трета година ги искористивме да создадеме спомени, да...
11/06/2026

Последните часови по Македонски јазик и литература со учениците од трета година ги искористивме да создадеме спомени, да создадеме нешто што ќе остане како траен белег – нешто што и по многу години, кога повторно ќе се погледне, ќе разбуди насмевки, емоции и сеќавања на едно незаборавно време. Со учениците од другите години направивме наши креативни дипломи за симболично одбележување на
крајот на учебната година и како поттик за претстојните предизвици од септември.

❤️Драги матуранти, Вие не бевте само наши ученици. Бевте нашата радост и потсетник дека најубавите лекции се учат со срцето. Со вашата ведрина ги разведрувавте и нашите најтмурни моменти, а со вашите успеси нѐ правевте неизмерно горди. Од Вас научивме многу повеќе отколку што можевме да Ве научиме.
Не Ве испраќаме само како матуранти, туку како дел од нашето секојдневие кое засекогаш ќе ни недостига. ❤️
Никогаш не престанувајте да верувате во себе. Ви посакуваме пат исполнет со среќа, љубов и многу нови успеси. Каде и да одите, останете токму такви – посебни, искрени и единствени.
Ви благодариме за сите спомени, прегратки и насмевки што ќе ги чуваме засекогаш во нашите срца.❤️🍀
🍀Среќен распуст на сите ученици од прва и втора година! Уживајте во летните денови и се гледаме во септември!

09/06/2026

2026 🎓

Секој ваш чекор до сега е успех, а секој следен е нова победа.Нека овој крај биде нов почеток!Среќна Матура 2026 🎓👨‍🎓👩‍🎓...
09/06/2026

Секој ваш чекор до сега е успех, а секој следен е нова победа.
Нека овој крај биде нов почеток!
Среќна Матура 2026 🎓👨‍🎓👩‍🎓❤️

✨🎓Драги матуранти!Денес завршувате едно поглевје и започнувате ново, повозбудливо поглавје од животот.  Изминатите годин...
08/06/2026

✨🎓
Драги матуранти!
Денес завршувате едно поглевје и започнувате ново, повозбудливо поглавје од животот.
Изминатите години Ви беа исполнети со многу труд, учење, соочување со предизвици, но пред сè – со безброј насмевки и искрени пријателства.
Вашиот труд, вашата посветеност и вашата желба да научите нешто ново се инспирација за сите нас.

Вие ни покажавте дека со правилна поддршка, трпение и љубов, секоја пречка станува скалило за успех.

Ви благодариме што не направивте подобри луѓе.

Среќно МАТУРАНТИ 2026!

Среќен роденден Дени ❤️🎂🎊🎉
08/06/2026

Среќен роденден Дени ❤️🎂🎊🎉

✨Учество на учениците од ДСУРЦ “Искра“ - Штип на спортски игри во организација на хуманитарно мулти-етничко здружение “Н...
04/06/2026

✨Учество на учениците од ДСУРЦ “Искра“ - Штип на спортски игри во организација на хуманитарно мулти-етничко здружение “Нова искра Нова надеж“ во Нов Дојран.⚽️🤩

На 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, не славиме само насмевки, игра и безгрижно детство, туку се потсетуваме и на не...
01/06/2026

На 1 Јуни – Меѓународниот ден на детето, не славиме само насмевки, игра и безгрижно детство, туку се потсетуваме и на нешто многу поважно – правата на секое дете. Секое дете има право на љубов, безбедност, образование, здравствена заштита, игра, слободно изразување и живот без насилство и дискриминација.
Часовите по Македонски јазик и литература ги посветивме на детските права и научивме кои се детските права и обврски. Се навративме и на најубавите спомени од детството: безгрижните денови поминати во игра, омилените играчки, дружбите и незаборавните приказни на нашите баби. Преку едукативен хамер со правата на детето, цртежи, избрани цитати, креативно ја доловивме магијата на детството и убавите спомени што ги носиме во срцето. Секако, дел од детството се и првите сликовници и омилените јунаци од книгите.
📌Детските права не се привилегија. Тие се обврска на сите нас – родителите, наставниците, институциите и општеството.

❤️🍀Неопходно е да создадеме свет во кој секое дете ќе биде слушнато, почитувано и безбедно.
❤️СРЕЌЕН ДЕН НА ДЕТЕТО!!!❤️

Домијада Охрид 2026 🥇
01/06/2026

Домијада Охрид 2026 🥇

По претходно потпишан меморандум за соработка помеѓу директорите на ДСУРЦ ИСКРА и НУ Завод за заштита на спомениците на ...
01/06/2026

По претходно потпишан меморандум за соработка помеѓу директорите на ДСУРЦ ИСКРА и НУ Завод за заштита на спомениците на културата и Музеј - Штип, денес во нашето училиште беше промовирана публикација за едукативни археолошки работилници за ученици со посебни потреби - Обликување и боење на минатото од авторите д-р Гордана Јанева и м-р Јулија Атанасова.
Директорката, г-ѓа Марија Причкова - Митева, донираше едукативни материјали за потребите на учениците.
Учениците учествуваа на археолошки работилници во Музејот на град Штип.
Проектот е финансиран од Министерството за култура и туризам на РСМ.

Address

Рибник бр. 14
Stip

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when ДСУРЦ„Искра“ Штип posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Shortcuts

Share

Category