14/09/2024
📢 Во рамките на проектот „Преку женски активизам и иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“, споведуван од Здружението за заштита на работничките права #ГласенТекстилец, Здружение EcHO Educational Humanitarian Organization и Здружение Иницијатива на невработени интелектуалци Виница го ојбавуваме Јавниот повик за избор на еден/а експерт/ка за изработка на кратка Анализа за потребите на жените и девојките од Источен регион.
Деталниот повик е достапен на линкот 🔗: https://shorturl.at/QDsGw
Проектот „Преку женски активизам и граѓански иницијативи до родово инклузивни и одговорни општини“ е поддржан од Швајцарија преку Цивика мобилитас (Civica Mobilitas). Цивика мобилитас е проект на Владата на Швајцарија (Embassy of Switzerland in North Macedonia) за поддршка на граѓанското општество во Северна Македонија, која ја спроведуваат Македонскиот центар за меѓународна соработка (МЦМС), НИРАС од Данска и ФЦГ од Шведска. Целта на програмата е општествените промени во Северна Македонија кои се водени од силен граѓански сектор, од активни граѓани и добра соработка со властите што резултира со проширен граѓански простор, поодржливи граѓански организации и потранспарентно, отчетно и општествено инклузивно владеење на централно и локално ниво. Мислењата кои се изразени овде не нужно ги одразуваат ставовите на Швајцарската Влада, Цивика мобилитас или организациите што ја спроведуваат.