Економски Факултет, УГД - Штип

Економски Факултет, УГД - Штип

Share

Официјална Фејсбук страница на Економски факултет Штип

Официјална Фејсбук страница на Економскиот Факултет - Штип со цел да се излезе во пресрет на очекувањата и потребите на новите генерации.
Студиски насоки на прв циклус студии:
1. Менаџмент и маркетинг
2. Сметководство и ревизија
3. Финансии
4. Бизнис економија
Факултетот нуди и студии на втор и трет циклус.
Повеќе информации се достапни на: https://ef.ugd.edu.mk/index.php/mk/

06/06/2026

🎓🤝 СТУДЕНТИ ОД ЕКОНОМСКИ ФАКУЛТЕТ - ШТИП ДЕЛ ОД ПРОЕКТОТ ЗА ФОРМИРАЊЕ РЕСУРСЕН ЦЕНТАР ВО ОПШТИНА ШТИП

📣 Тројца студенти од Економски факултет – Штип заедно со шест нивни колеги од други факултети при #УГД добија сертификати за успешно реализирана волонтерска работа во рамки на проектот за формирање ресурсен центар во Општина Штип, финансиран од Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП).

☝️ Во изминатите три месеци студентите стекнаа практични знаења и искуства работејќи во различни одделенија и сектори на локалната самоуправа, притоа активно придонесувајќи кон развојот на локалната заедница.

👉 Проектот овозможи:
▪️ стекнување практични вештини и искуства,
▪️ запознавање со работата на институциите и јавната администрација,
▪️ активно учество во активности од значење за локалната заедница,
▪️ развој на професионални компетенции кај студентите.

👏 Проректорот за инвестиции и развој на УГД, проф. д-р Дарко Лазаров, истакна дека Универзитетот е особено горд што сите студенти биле позитивно оценети за нивниот придонес и професионален ангажман во текот на проектот.

🌟 Особено значајно е што двајца студенти ќе продолжат со ангажман и по завршувањето на проектот во Центарот за локален економски развој при Општина Штип, што претставува значајна потврда за квалитетот на нивната работа и стекнатите компетенции.

🤝 Преку вакви иницијативи, УГД создава можности за професионален развој на студентите и активно придонесува кон развојот на локалната заедница.

02/06/2026

📢ПРОДОЛЖЕН РОК ЗА ЗАВЕРКА НА ПАРЕН СЕМЕСТАР 2026

☝️Се информираат студентите од сите три циклуси на студии дека рокот за заверка на парен семестар во учебна 2025/2026 е продолжен заклучно со 05.06.2026 година.

https://www.ugd.edu.mk/soopstenija/studenti/prodolzhen-rok-za-zaverka-na-paren-semestar-2026-g/

Photos from 'Goce Delcev' University - Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип)'s post 01/06/2026
Photos from ACE2EU's post 30/05/2026
Photos from Економски Факултет, УГД - Штип's post 21/05/2026

Економскиот факултет при УГД – Штип беше дел од одбележувањето на Денот на Европа 2026 преку учество на настанот „Европа е за можностите“.

🎓 Со своето учество, Економскиот факултет ја претстави својата посветеност кон интернационализацијата, поддршката на студентската мобилност и вклучувањето на младите во европските образовни и развојни процеси.

Photos from Економски Факултет, УГД - Штип's post 20/05/2026

Како се води маркетинг агенција и бизнис воопшто?

Денес имавме прилика да учиме на оваа тема, во рамки на уште еден настан, креиран од студентите во соработка со реалниот сектор, под менторство на проф. д-р Тамара Јованов Апасиева.

Г. Mitko Andonov, основач на Eon Eden Marketing и сериски претприемач, несебично ги сподели најважните лекции и клучните аспекти од работењето на една маркетинг агенција:
- креирање на тим,
- наоѓање клиенти,
- испорака на ветувања кон клиентите,
- решавање проблеми,
- нужни алатки за ефикасност, организација и дигитализација на работењето,
- чесност и интегритет во работењето,
- предвидувања за изгледот на пазарот на трудот со ВИ...

Во рамки на настанот, група студенти презентираа своја идеја за старт-ап и добија значаен фидбек од гостинот.

На Економски факултет при #УГД применуваме модерно образование со холистички пристап и ги подготвуваме студентите за брзо и ефективно интегрирање на пазарот на труд.

Photos from Економски Факултет, УГД - Штип's post 19/05/2026

📸 Успешно реализирана презентација на практикантските програми на Superior Global Services пред студентите на Економски факултет!

Студентите имаа можност да се запознаат со практикантските програми дизајнирани и специјализирани токму за нивните потреби, со цел стекнување практични знаења, професионални вештини и директно искуство во реална деловна средина.

Оваа средба претставува уште еден значаен чекор кон зајакнување на соработката помеѓу Економскиот факултет и Superior Global Service, со заедничка цел – создавање повеќе можности за студентите и нивна успешна подготовка за пазарот на труд. 🤝🎓

18/05/2026

Искуство од пракса уште за време на студии. 👇👇👇

На 20 мај, на Економскиот факултет во Штип, ќе имаме можност да слушнеме едно искрено и практично предавање од човек со реално искуство од индустријата Mitko Andonov, основач на маркетинг агенција Eon Eden Marketing и експерт за дигитална трансформација.

Под темата „Управување со маркетинг агенција“, тој ќе сподели како изгледа секојдневната работа позади една агенција, со какви предизвици се соочува тимот и кои решенија навистина функционираат во пракса.

Ова е одлична можност за сите студенти што сакаат да дознаат повеќе за маркетингот од прва рака, да слушнат корисни искуства и да се инспирираат од некој што ја градел својата кариера во оваа област.

Ве очекуваме на 20.05 во 12:00 часот на Економскиот факултет во предавална 6.

Настанот е организиран во целост од студентите на Економски факултет, во рамки на предметот Маркетинг менаџмент, под менторство на проф. д-р Тамара Јованов Апасиева.

18/05/2026

Искуство од пракса уште за време на студии. 👇👇👇

На 20 мај, на Економскиот факултет во Штип, ќе имаме можност да слушнеме едно искрено и практично предавање од човек со реално искуство од индустријата Митко Андонов, основач на маркетинг агенција EON Eden и експерт за дигитална трансформација.

Под темата „Управување со маркетинг агенција“, тој ќе сподели како изгледа секојдневната работа позади една агенција, со какви предизвици се соочува тимот и кои решенија навистина функционираат во пракса.

Ова е одлична можност за сите студенти што сакаат да дознаат повеќе за маркетингот од прва рака, да слушнат корисни искуства и да се инспирираат од некој што ја градел својата кариера во оваа област.

Ве очекуваме на 20.05 во 12:00 часот на Економскиот факултет во предавална 6.

Настанот е организиран во целост од студентите на Еконмски факултет, во рамки на предметот Маркетинг менаџмент, под менторство на проф. д-р Тамара Јованов Апасиева.

Want your school to be the top-listed School/college in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Category

Telephone

Address


General Mihajlo Apostolski 32
Stip
2000