Нудиме курсеви за деца од предучилишна возраст, основци и средношколци, возрасни, како и следење на училишната настава по англиски и германски јазик за деца на кои им е потребна дополнителна помош за совладување на наставниот материјал. Исто така вршиме секаков вид на судски, книжевен или стручен превод од македонски на англиски јазик и обратно.
Курсеви по англиски јазик за деца од предучилишна возраст: Со овој курс се развиваат трите најважни вештини при учењето на јазикот: слушање, разбирање и изговор кои се неопходни за совладување на еден јазик и се подлога за негово понатамошно изучување.
Курсеви по англиски јазик за основци и средношколци: Со овие курсеви се развиваат сите потребни вештини во изучувањето на еден јазик како што се слушање и разбирање, читање и пишување, а секако и изговорот и збогатувањето на фондот на зборови кој пред се е од голема важност за совладувањето на еден јазик.
Курсеви по англиски јазик за возрасни: Во овие курсеви спаѓаат курсевите за општ англиски јазик каде на нашите корисници им се овозможува следeње на наставата од почетно А1 до напредно C1 ниво.
Помош во наставата по англиски и германски јазик: Со овие курсеви се следи наставниот материјал по англиски и германски јазик што се изучува во училиштето и притоа се применува интерактивна настава со современи методи која вклучува дополнителни материјали за вежбање при што учениците имаат можност на побрз и полесен начин да го совладаат училишниот материјал.