Машински факултет, Штип / Faculty of Mechanical Engineering, Stip

Машински факултет, Штип / Faculty of Mechanical Engineering, Stip

Share

Машински факултет - Можност за студирање на студиските програми:
1. Машински дизајн и производство
2. Мехатроника
3. Машинско инженерство

Photos from Машински факултет, Штип / Faculty of Mechanical Engineering, Stip's post 29/04/2026

На ден 29.04.2026 година, на Машински факултет при Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип, во рамките на предметот Интелигентни транспортни системи (предметен професор: проф. д-р Glavinov Risto Aleksandar), се одржа гостинско предавање од г-дин Цветко Мицевски, советник за инфраструктура и капитални инвестиции.

Студентите имаа можност да се запознаат со современите пристапи во планирањето и развојот на инфраструктурни системи, ефикасноста на инфраструктурните политики, како и со концептите на „паметни градови“ (Smart City) и системите за безбедност и сообраќајна контрола.

Предавањето беше проследено со интерес од страна на студентите и отвори дискусија за актуелните предизвици и решенија во оваа област.

Изразуваме искрена благодарност до предавачот за инспиративното излагање, одвоеното време, споделеното знаење и придонесот кон збогатување на наставниот процес.

#МашинскиФакултет #ГостинскоПредавање #ИнтелигентниТранспортниСистеми

23/04/2026

📢 ГОСТИНСКО ПРЕДАВАЊЕ

Со задоволство ве покануваме на гостинско предавање на Цветко Мицевски, советник на Претседателот на Владата проф. д-р Христијан Мицкоски, на тема „Инфраструктура, сообраќај и контрола на системи (Safe City)“, кое ќе се одржи во рамките на предметот Интелигентни транспортни системи (предметен наставник: проф. д-р Александар Главинов, редовен професор на Воена академија).

Предавањето претставува одлична можност за запознавање со современите пристапи во планирањето и управувањето со инфраструктурни системи, како и за дискусија за концептите на „паметни градови“ и безбедносна контрола.

Добредојдени се сите студенти.

📅 Среда, 29 април 2026
🕐 10:30 часот
📍 Машински факултет, Универзитет „Гоце Делчев“ – Штип
🏢 Амфитеатар 1, Кампус 2

Photos from Машински факултет, Штип / Faculty of Mechanical Engineering, Stip's post 22/04/2026

📍 Отворен и кариерен ден 2026 на УГД

Над 50 компании и стотици млади во директна средба со академијата и бизнисот.

Photos from 'Goce Delcev' University - Stip (Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип)'s post 20/04/2026
20/04/2026
Photos from Машински факултет, Штип / Faculty of Mechanical Engineering, Stip's post 03/04/2026

На 03.04.2026г. беше реализирана теренска настава во IGM-Trade / ИГМ-Трејд, каде студентите од трета и четврта година на Машинскиот факултет – Штип при Универзитет „Гоце Делчев“ имаа можност директно да се запознаат со современите производствени процеси и технологии.

Под менторство на Проф. д-р Сашко Димитров и Доц. д-р Дејан Крстев, студентите стекнаа практични знаења и увид во реалната индустриска средина, што претставува значаен чекор во нивниот професионален развој.

Ваквите активности ја потврдуваат важноста од поврзување на теоретското знаење со практичната примена и ја зајакнуваат соработката помеѓу академската заедница и индустријата.

#МашинскиФакултет #ТеренскаНастава #Индустрија #Образование

Photos from AB Novoselski's post 12/02/2026
30/12/2025

✨ Нека Новата 2026 година биде исполнета со убави моменти, нови почетоци и инспирација на секој чекор.

Среќни празници! 🎄🌟

Ваш, МФ ⚙️

Промовирана Лабораторијата за циркуларна економија на Машински факултет - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 17/12/2025

Промовирана Лабораторијата за циркуларна економија на Машински факултет - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Во посета на УГД и Лабораторијата за циркуларна економија на Машински факултет денес беа заменик-министерот за eкономија и труд, Марјан Ристески, и Марија Дуковска-...

Пријавување на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип 03/12/2025

Пријавување на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година - Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип Пријавување на испити во Декемвриска (дополнителна) сесија 2025 година Се информираат студентите од сите циклуси на студии дека термините за реализација на испити в....

14/10/2025

Почитувани алумни,

Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип спроведува Прашалник за Алумни база, со цел подобро следење на вработливоста, одржување на врската со нашите поранешни студенти и развој на активности за поддршка на кариерата и унапредување на квалитетот на студиските програми.

Вашето искуство и мислење се од големо значење за нас! Со пополнување на овој прашалник, придонесувате кон подобрување на студиите, креирање поефикасни програми и зајакнување на мрежата на алумни на УГД.

👉 Ве покануваме да одвоите неколку минути и да го пополните прашалникот на следниот линк (најдоцна до 19.10.2025): https://forms.gle/JiMvPtfPW5dPACTo7

Сите ваши одговори ќе бидат доверливи и ќе се користат само за аналитички цели.

Ви благодариме за времето, довербата и придонесот за развојот на Универзитетот!

Ваш УГД

Want your school to be the top-listed School/college in Stip?

Click here to claim your Sponsored Listing.

Location

Telephone

Address


Bulevar Goce Delchev
Stip