04/09/2026
Почитувани студенти и вработени,
Универзитетскиот спортски и културен центар продолжува со традицијата за учество на спортски настани, како дел од активностите за промоција на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип како активен и спортски универзитет.
Со големо задоволство Ве повикуваме да се пријавите за учество како дел од тимот на УГД на еден од најмасовните спортски настани во државата – Виз Ер Скопски маратон 2026, кој ќе се одржи на 4 октомври 2026 година (недела) во Скопје.
Сите заинтересирани студенти и вработени на Универзитетот „Гоце Делчев“ – Штип имаат можност да се пријават за учество во една од следните дисциплини:
Маратон – 42,195 км
Полумаратон – 21,097 км
Трка на 5 км
Штафетен маратон – тимови составени од 4 учесници
Штафетниот маратон се одвива на следниот начин:
10 км – 11 км – 10 км – 11 км
Тимовите можат да бидат машки, женски или мешани, согласно правилата на организаторот.
Котизацијата за учество и организираниот превоз до Скопје ќе бидат покриени од страна на Универзитетскиот спортски и културен центар.
Пријавување
Сите заинтересирани за учество треба да се пријават преку линкот на овој пост.
Пријавувањето е отворено најдоцна до 14.09.2026 до 10 часот.
По утврдувањето на конечниот број на пријавени учесници, ќе биде креирана Viber група за учесниците од тимот на УГД, преку која сите пријавени ќе бидат навремено информирани за деталите поврзани со регистрацијата, превозот и организацијата на учеството на Виз Ер Скопски маратон 2026.
Напомена: Со пријавувањето, учесникот се обврзува сериозно да го потврди своето учество. Во случај на неоправдано откажување или непојавување на стартот, по извршената регистрација и уплатата на котизацијата од страна на Универзитетот, УГД го задржува правото да побара рефундација на направените трошоци.
Се гледаме на старт!
За активен, здрав и спортски УГД!