19/10/2020
Факултет за туризам и бизнис логистика - Штип
Факултетот за туризам и бизнис логистика е основан на 15 јули 2008 година при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип.
19/10/2020
17/06/2020
Меѓународна научна конференција на ФТБЛ
Тема: Предизвиците на туризмот и бизнис логистиката во 21 век
Ке се одржи на 13 ноември 2020 во Штип
На линкот има информации за учество
ПОВИК ЗА УЧЕСТВО НА МЕЃУНАРОДНА КОНФЕРЕНЦИЈА НА ФАКУЛТЕТОТ ЗА ТУРИЗАМ И БИЗНИС ЛОГИСТИКА Факултетот за туризам и бизнис логистика при Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип Ве поканува да учествувате со Ваши трудови на III Меѓународна научна конференција...
27/04/2020
Аппт започнува со подготовка на маркетинг кампања „Дома си е дома“, со која ќе ги промовира македонските атракции, подзаборавени дестинации и оние што добро ни се познати, но вреди да се посетат повторно. Ограничувањето на движењето, патувањата меѓу земјите од шенген-зоната, затворањето и изолацијата придонесе многу европски дестинации годинава спасот го гледаат во домашните гости.
Од таа причина АППТ промоцијата ќе ја насочи на домашниот туристички пазар и македонските туристички капацитети за да се поттикнат домашни туристи да посетуваат домашни локалитети, да направат неколкудневни екскурзии или да се одморат во недопрените рурални предели на нашата убава земја.
За денес ви препорачуваме да го посетите кањонот Матка и посведочите на неверојатната убавина во пролет. Повеќе информации на следниот линк:https://macedonia-timeless.com/mac/zanas/zanas/dali_ste_znaele/kanjon-matka/
#домасиедома
Почитувани студенти на Факултет за туризам и бизнис логистика,
Започнуваме со задолжителна online настава преку алатката Microsoft Teams за тековниот зимски семестар 2019/2020. За да се најавите на истата ги користите постоечките username и password од Универзитет „Гоце Делчев“, односно истите со кои се најавувате на сите останати алатки (студентска електронска пошта, е-учење, е-библиотека, е-индекс итн).
За секој предмет креирани се училници (т.н. teams) во кои веќе вие сте додадени. Потребно е да се најавите на алатката, да пристапите кон училниците и да го потврдите вашето присуство. До понеделник ќе добиете информација за предавање по секој предмет од предметниот професор.
Алатката Microsoft Teams можете да ја симнете на компјутер, лаптоп, смарт телефон, или едноставно да ја користите преку web browser.
Проверувајте ги вашите електронски пошти, соопштенијата на е-учење, како и пораките на Microsoft Teams.
Бидете во тек со наставата и сите активности кои следуваат!
10/03/2020
Почитувани студенти
Поради актуелната состојба со ширењето на Ковид-19 во Европа, како и заклучоците на Владата од 15-та редовна седница, ве известуваме дека во наредните 14 дена наставниот процес на Универзитетот „Гоце Делчев“ во Штип ќе биде прекинат.
Сите материјали за предавањата и вежбите по соодветните предмети во тековниот семестар, ќе ви бидат достапни на платформата е-учење, а наставниците и соработниците ќе бидат во постојан контакт со вас преку електронската платформа и електронската пошта.
Со почит.
Универзитет „Гоце Делчев“ - Штип
05/03/2020
🌻🌺🐝🐝🐝 we are on the way to become Honeyland
Македонскиот мед втор најдобар во свет Македонскиот мед во саќе го освои второто место на дегустацијата што ја организира саемот за традиционална храна „Салон дел густо“. Жирито составено од пчелари –...
Click here to claim your Sponsored Listing.
Location
Category
Telephone
Website
Address
Улица Крсте Мисирков бр. 10-А
Stip
2000