18/07/2024
Оваа недела бевме домаќини на вториот партнерски состанок на проектот Еразмус+ „Raising Awareness for a Greener Tomorrow“ - „Подигање на свеста за позелено утре“.
🌱♻️ Со проектот RAGT се стремиме да ја подигнеме свеста за важноста на правилното селектирање и управување со отпадот, каде секој од нас може да го даде својот мал, но многу важен придонес
📊📚🔍 Досега, како дел од проектот RAGT, подготвивме извештај за состојбата со управувањето со отпад во Словенија, Хрватска и С. Македонија, а на состанокот разговаравме за следните проектни активности поврзани со подготовката на прирачник за настава со зелени теми за едукатори и создавање на онлајн пребарувач / дигитален асистент за сортирање
🤝 Во рамки на средбата го посетивме јавното претпријатие за комунални и услужни дејности ЈП ИСАР, каде од прва рака ги слушнавме нивните искуства за управување со отпад, но и идентификувавме области каде што можеме да соработуваме во иднина. https://www.jpisar.com.mk/
🎉 Со нетрпение очекуваме да го продолжиме проектот и резултатите што едвај чекаме да ги споделиме со вас!
🌐 Сите новости и резултати од проектот RAGT може да се најдат на официјалната страница на проектот: https://ragt.cakom.hr/hr/
🌱Проект RAGT️♻️
🏢 Апликант / Водечки партнер: 🇭🇷 GKP CAKOM d.o.o. (Хрватска)
🤝 Партнери: 🇭🇷 ПОУ Чаковец (Хрватска); 🇸🇮 Људска универза Лендава (Словенија); 🇲🇰 Приватна образовна установа Отворен Граѓански Универзитет за доживотно учење „Ванчо Прке“ - Штип (С. Македонија)
🇪🇺 ЕУ програма: Еразмус+ мали партнерства (КА210) во областа на образованието на возрасните
⏳ Времетраење на проектот: 18 месеци
💶 Вредност на проектот: 60.000,00 евра
Финансиран од фондовите на Европската Унија. Изразените мислења и ставови го одразуваат исклучиво мислењето на авторот и не мора да се совпаѓаат со ставовите на Европската унија или Агенцијата за мобилност и програми на ЕУ (AMPEU). Ниту Европската Унија, ниту телото кое доделува грантови не може да биде одговорно за нив.