19/09/2024
Младински активизам - успешно завршена приказна на 30 млади Роми идни лидери во својата заедница. Генијалци во партнерство со СУГС„Шаип Јусуф“ ги поддржа и охрабри учесниците да придонесат за позитивни општествени промени.
Со уште една младинска акција, денеска го одбележавме крајот на иницијативата Empower Youth: Building Bright Future through Youth Activism, Informal Education and Skill Development, поддржана од Активноста на North Macedonia Actively Create Opportunities. Инспирирани од потребите на младите во Шуто Оризари, три тимови и се натпреваруваа за најкреативна идеја за младинска акција. Учесниците ги предложија следните идеи и комисијата ги рангираше:
• трето место - Разубавување на училишниот двор
• второ место - Еко младинска акција: Селектирај за почисто училиште
• прво место - Малку простор за многу акција и креативизам Јусуфотека.
Во рамки на денешниот настан доделивме сертификати на сите 30 млади, учесници на сесиите за младински активизам.