Хумана Комуникација

Хумана Комуникација Contact information, map and directions, contact form, opening hours, services, ratings, photos, videos and announcements from Хумана Комуникација, Educational Research Center, Partizanski Odredi bb P.O. 435, Skopje.

Научноистражувачки проект „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, насочен кон истражување и промоција на емпатична, одговорна и хумана комуникација кај младите.

24/06/2026

💬 Што научивме? Што понесуваме со себе? И како продолжуваме понатаму?

На завршната средба со училишните психолози вклучени во проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, разговаравме за искуствата од работата со учениците, предизвиците, научените лекции и можностите за понатамошно развивање на хуманата комуникација во училиштата.

Погледнете дел од атмосферата на средбата. 🎬

Искрена благодарност до сите училишни психолози кои со својата посветеност, ентузијазам и професионалност придонесоа за успешната реализација на проектот. 💜

------------

#ХуманаКомуникација #ИСППИ Хумана Комуникација Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје

📢 На 16 јуни 2026 година во просториите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања се одржа завршна сред...
19/06/2026

📢 На 16 јуни 2026 година во просториите на Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања се одржа завршна средба со училишните психолози вклучени во проектните активности на „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“.

💬 На средбата беа споделени искуствата и научените лекции од истражувањето и работата со учениците, а се дискутираше и за можностите за понатамошен развој и одржливост на проектот, како во насока на развивање на хуманата комуникација, така и во насока на младинското акциско истражување.

На училишните психолози им беа доделени сертификати, а сертификати ќе им бидат доделени и на учениците вклучени во обуките и работилниците. На вклучените училишта им беа врачени благодарници за соработката и поддршката при реализацијата на проектот.

🙏 Упатуваме огромна благодарност до училишните психолози и до учениците, кои во специфичен период од школската година исполнет со интензивни училишни, наставни и воннаставни случувања успеаја сите предвидени проектни активности успешно да ги спроведат со голем труд, трпеливост, посветеност и креативност, со активно учество и со голем ентузијазам! 💜

Веруваме дека заедничките искуства, знаења и воспоставената соработка ќе претставуваат добра основа за понатамошни активности насочени кон развој на хуманата комуникација и на партиципативните пристапи што ги вклучуваат младите. 🤝

----------------

#ХуманаКомуникација #ИСППИ Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје Хумана Комуникација

💬 Покрај работилниците со училишните психолози и работилниците, обуките и тестирањата со учениците, во рамките на проект...
03/06/2026

💬 Покрај работилниците со училишните психолози и работилниците, обуките и тестирањата со учениците, во рамките на проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“ се спроведоа и фокус-групи со родители и наставници во неколку скопски училишта што беа во улога на домаќин на групните средби.

На средбите се разговараше за предизвиците и можностите за поттикнување на хумана комуникација кај децата, за улогата на семејството, училиштето и врсниците во нејзиното развивање, како и за создавање на побезбедна и поддржувачка средина за учениците. ✨

Им благодариме на сите родители и наставници кои се вклучија и ги споделија своите искуства, ставови и предлози, придонесувајќи кон ова значајно истражување. 💜

#ХуманаКомуникација #ИСППИ Хумана Комуникација Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје

💬 📝 Во рамките на проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, ...
27/05/2026

💬 📝 Во рамките на проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“, изминатиот период беше спроведено тестирање со ученици во дел од основните училишта. Целта на тестирањето е да се истражат аспектите на хуманата комуникација кај младите и факторите што влијаат врз нејзиниот развој: емпатијата, емоционалната интелигенција, општествената одговорност, резилиентноста и начинот на којшто децата комуницираат со другите и со околината. Во истражувањето се вклучени ученици на возраст од 11 до 14 години, кои исто така учествуваа и во работилници, обуки и креативни активности како најмлади истражувачи. 🔎

Им благодариме на училиштата, психолозите, наставниците и учениците за соработката и за учеството во оваа важна иницијатива. 🤍

----------
Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје Хумана Комуникација #ИСППИ #ХуманаКомуникација

Во изминатиот период, психолозите од училиштата вклучени во проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори ...
18/05/2026

Во изминатиот период, психолозите од училиштата вклучени во проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“ реализираа работилници со учениците, посветени на развивање на хумана, емпатична и конструктивна комуникација. 💬✨

Преку темите „Што мислам дека е хумана комуникација“ и „Како можеме да ја развиваме хуманата комуникација“, учениците беа поттикнати активно да размислуваат, да споделуваат, да дискутираат и да креираат идеи за подобра комуникација во секојдневието.

Паралелно, се реализираа и обуки за воведување во научноистражувачката работа во општествените науки и партиципативните пристапи, преку што учениците се запознаа со основите на планирање, спроведување и презентирање на едно истражување и на произлезените резултати. 📚🔍

Истражувачкиот тим упатува голема благодарност до психолозите и учениците за нивната посветеност и креативност и за активното учество во сите реализирани активности, како и за значајниот придонес кон развивањето на похумана комуникација. 🫂💜

#ХуманаКомуникација #ИСППИ Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје Хумана Комуникација

ℹ️ Во текот на март и првата половина на април 2026 година, проф. д-р Елеонора Серафимовска, проф. д-р Маријана Марковиќ...
16/04/2026

ℹ️ Во текот на март и првата половина на април 2026 година, проф. д-р Елеонора Серафимовска, проф. д-р Маријана Марковиќ и ас. д-р Теа Конеска-Василевска заедно со колешките и колегите психолози од основните училишта вклучени во проектот „Хумана комуникација кај младите: аспекти, фактори и креативни начини на нејзино развивање“ одржаа повеќе онлајн-средби што претставуваа работилници посветени на претстојните активности.

На средбите се разработуваа концептите и процесите за спроведување на тестирањето, како и организирањето и водењето на работилниците и обуките со учениците, со што се заокружи подготвителната фаза.

Со задоволство го најавуваме почетокот на теренското истражување, кое стартува во април, со очекување за успешно спроведување на сите предвидени активности и создавање на позитивно искуство за сите вклучени. 🔎

----------

#ХуманаКомуникација #ИСППИ Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје Хумана Комуникација

27/03/2026

Што значи да комуницираме хумано? 🌻
Во ова видео, психологот Сања Наковска од ООУ „Кочо Рацин“ – Охрид зборува за важноста на разбирањето, активното слушање и меѓусебната почит во комуникацијата меѓу децата и младите.

Како ти ја практикуваш хуманата комуникација во секојдневието?

----------

#ХуманаКомуникација #ИСППИ Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје Хумана Комуникација

12/03/2026

Што значи да комуницираме хумано? 🌻
Во ова видео, психологот Аделина Давиткова од основно училиште „Лазо Ангеловски“ во општина Аеродром зборува за тоа како емпатијата, слушањето и почитта се основа на здравата комуникација меѓу децата и младите.

Што за вас значи хумана комуникација?

---------------

#ХуманаКомуникација #ИСППИ Хумана Комуникација Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје

💌   Зборовите имаат тежина. Тие можат да поттикнат, поддржат и да создадат чувство на сигурност и вредност. На  #8Март, ...
08/03/2026

💌 Зборовите имаат тежина. Тие можат да поттикнат, поддржат и да создадат чувство на сигурност и вредност. На #8Март, да избереме зборови што охрабруваат, признаваат и вреднуваат. Хуманата комуникација се препознава во јасниот и охрабрувачки говор.

ℹ️ #Комуникација e именка од женски род!

-----------

Хумана Комуникација Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје #ХуманаКомуникација #ИСППИ

💌 Слушањето е основа на секоја свесна и одговорна комуникација. Тоа не е само присуство во разговорот, туку свесна одлук...
06/03/2026

💌 Слушањето е основа на секоја свесна и одговорна комуникација. Тоа не е само присуство во разговорот, туку свесна одлука да се даде внимание, простор и значење на другиот. На #8Март, да се потсетиме дека почитта започнува со внимателно слушање. Така се гради доверба. Така се гради хумана комуникација.

ℹ️ #Почит е именка од женски род!

--------------

Хумана Комуникација Институт за социолошки и политичко-правни истражувања-УКИМ Скопје #ХуманаКомуникација
#ИСППИ

Address

Partizanski Odredi Bb P.O. 435
Skopje
1000

Alerts

Be the first to know and let us send you an email when Хумана Комуникација posts news and promotions. Your email address will not be used for any other purpose, and you can unsubscribe at any time.

Contact The School

Send a message to Хумана Комуникација:

Shortcuts

Share