28/07/2026
Општествата не се менуваат во една насока.
Дигитализацијата го преобликува начинот на кој работиме. Вештачката интелигенција отвора нови можности, но и нови етички прашања. Миграциите, демографските промени и нееднаквоста влијаат врз општествената кохезија, додека климатските и политичките предизвици бараат нови институционални одговори.
Како науката може да ни помогне подобро да ги разбереме овие промени?
Институтот за социолошки и политичко-правни истражувања при УКИМ ја организира меѓународната научна конференција:
„Предизвиците на општествената трансформација“
(Challenges in Transforming Society)
Конференцијата отвора интердисциплинарен простор за истражувања посветени на:
x општествените промени, идентитетот, религијата и културата;
x нееднаквоста, инклузијата и општествената кохезија;
x дигиталната трансформација, технологијата, вештачката интелигенција и општеството;
x одржливоста, ризиците и иднината на современите општества.
Ги покануваме истражувачите, универзитетските професори, постдокторандите, докторандите и практичарите да придонесат со теоретски, методолошки или емпириски трудови и да станат дел од меѓународниот академски дијалог.
📅 Конференција: 21 октомври 2026 година
📍 ИСППИ - УКИМ, Скопје
💻 Учество во живо или онлајн
🌐 Работен јазик: англиски
✓ Учество без котизација
⏳ Рок за доставување апстракт: 20-ти август 2026 година
Апстрактите, со должина до 300 зборови, се доставуваат на:
[email protected]
Избраните трудови ќе бидат разгледани за објавување во посебно издание на Годишникот на ИСППИ, по дополнителна рецензија.
Целосниот повик и насоките за пријавување се достапни на:
https://isppi.ukim.edu.mk/260522-povik-za-uchestvo-na-megunarodna-nauchna-konferencija-predizvicite-na-opshtestvenata
Да ги истражуваме промените додека се случуваат и да придонесеме кон подобро разбирање на општеството што го создаваме.