Гравитрон ДООЕЛ-центар за обуки и менаџмент консултански услуги
Со тренери сертифицирани во Психополис Институтот во Белград , нашата компанија е компетентна да споделува обуки од областа емоционална писменост и асертивно однесување (застапување на себеси , со толерирање на другиот) . Се работи по сертифицирана програма и искуствено низ практични вежби . Кандидатите , по завршената обука се здобиваат со сертификат за поминати соодветен број на часови( според
програмата) . Центарот за обуки Гравитрон одржува :
-Едукативно искуствени работилници за Емоционална писменост, учење на емоционално писмени вештини на комуникација.
-Работилници за родители – каде со учење на вештините за емоционално описменување може да научите како да бидете подобар родител, односно со примена на емоционално писмен пристап кон вашето дете да создадете емоционално писмено дете со поголема самодоверба и позитивна слика за себе.
-Обука за асертивност- асертивен начин за разрешување конфликт,застапување на себеси , со толерирање на другиот
-Работилници за соочување со стрес. Совладување на техники за соочување со стрес.
- Работилници за соочување со испитна анксозност
ПОкрај овие работилници, во склоп на својата дејност , менаџмент и деловни консултантски активности , ГРАВИТРОН на пазарот се профилира како Центар за следниве обуки ,
-талент менаџмент ,
-комуникациски вештини ,
-конфликт менаџмент ,
-управување со промени ,
- менаџирање на време ,
- преговарачки вештини ,
-презентациски вештини и јавен говор ,
- лидерство
Покрај споменатите тренинзи за индивидуален , личен развој , ГРАВИТРОН споделува обуки и консалтинг за компаниски развој кои ги изведуваат етаблирани предавачи од оваа област .
-новиот облик компании-предизвик во услови на рецесија ,
-виртуелни компании-поголем профит ,помали трошоци ,
-менаџмент со човечки ресурси, изготвување стратегија за МЧР ,
-лидерство и менаџмент , стратегија на водство ,
-стратегија на маркетинг
-ефективна комуникација и ефикасно водење состаноци ,
- линиски (надзорнички менаџмент ) ,
-оперативен менаџмент ,
-стратешки менаџмент ,
-управување со иновации ,
-оценување и мотивирање на вработените ,
-стратегија на плати и награди ,
- избор на кадри , селекција и нивно вработување ,
-психолошко тестирање на потенцијален вработен ,
-компаниска дијагностика ,
-проект менаџмент и тимбилдинг , стратегија на проектни тимови.
Резултат на соработката на ГРАВИТРОН со еминентни обучувачи од регионот , е нивната подготвеност за едукации во Македонија , на теми по желба на клиентот .
ГРАВИТРОН ДООЕЛ Скопје , е компетентен за логистика меѓу бизнисите на домашниот пазар , врши истражување за потребите на работните организации и посредува во бизнис контакти , до потпишување на бизнис договори .