11/06/2024
Минатата недела во рамките на конференција по повод 50 Години на Постоење на Институтот по Психологија при УКИМ, добивме шанса да го презентираме нашето истражување, од студенти - за студенти. 👩🏫📑
Истражувањето кое го спроведовме гласи: “Работа кон иднината – академскиот успех, воннаставниот ангажман и способноста за управување со време кај студентите од психологија”. Ние се надеваме на негово понатамошно развивање, како и дека тоа може да придонесе кон креирање алатки за поголема помош и поддршка на студентите. 💜
Благодарни сме на нашиот институт за поканата и шансата да се вклучиме во конференцијата, ни беше чест! 🙏