22/01/2026
Наставник по пијано - Дијана Имери Илкоска
Таа е дипломиран музичар - теоретичар педагог и хорски диригент, дипломиран и магистриран оркестарски диригент и е една од најперспективните музичари од помладата генерација во државата. Покрај успесите во својата професија како оркестарски диригент, таа успешно делува и како композитор и аранжер на повеќе дела за различни оркестарски и камерни ансамбли. Како диригент настапува во земјава и странство со повеќе различни оркестри како што се камерниот оркестар „ID chamber orchestra“, оркестарот на Софијската филхармонија (Бугарија), камерниот ансамбл „Хефестус“ (Париз - Франција), младинскиот камерен оркестар „Гија Канчели“ (Грузија), хорот и оркестарот на националното радио на Бугарија, симфонискиот оркестар на Дубровник (Хрватска) и многу други.
Покрај уметничката дејност како диригент, таа има десетгодишно искуство како наставник и корепетитор во основното и средно музичко-балетско училиште „Илија Николовски-Луј“.